Ова е еден рецепт за старински ванилици кои се многу вкусни. Колку подолго стојат стануваат се подобри и подобри. Се чуваат во кутија со капак, најдобро лимена, па така си имате колачи за следните неколку денови.

ванилици со џем

Филот од џем прилагодете го според вашиот вкус, дали ќе одберете од кајсии или од сливи е сосем сеедно, ванилиците ќе бидат превкусни.

Џем од модри сливи во рерна (Фото Марина Трајанова)

Потребни состојки: 200 г путер, 500 г брашно, 1 јајце, 1 жолчка, 4 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, шеќер во прав, џем по ваш избор

Потребни состојки:

Постапка: едно цело јајце и жолчка заедно со шеќерот се матат убаво со виљушка. Потоа се додава ванилин шеќер, па се додава омекнат путер. Се меша и натаму со виљушка за да се изедначи. Се додава половина килограм брашно и продолжете го месењето со рака додека да добиете компактно тесто кое не се лепи на раце.

во еден сад ставете една жолчка и едно цело јајце, па додајте го шеќерот
убаво изматете со виљушка додека шеќерот да се растопи
додајте ја и ванилата па повторно изматете
кога ќе го додадете путерот, потребно е да биде омекнат на собна температура

 

убаво изматете додека да добиете хомогена смеса
додајте го брашното и малку промешајте со виљушката
…а потоа замесете со рака
месете додека тестото да стане мазно и да не се лепи

Ако случајно тестото ви е суво, додадете една лажица кисела павлака. Мазното тесто покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер најмалку 45 минути да се лади. Потоа премесете го и развлечете го во кора со дебелина од половина центиметар.

Мазното тесто покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер најмалку 45 минути да се лади
Потоа премесете го и развлечете го во кора со дебелина од половина центиметар.
Со најмала чаша или модла сечете кругови кои се редат во плех обложен со хартија за печење.
сечете кругови или форми со модла по ваш избор

Со најмала чаша или модла сечете кругови кои се редат во плех обложен со хартија за печење. Се печат во рерна загреана на 200 степени по што се намалува на 180 степени, максимално 15 минути. Ванилиците треба само да се исушат и да останат бели, да не пожолтат.

колачите редете ги во плех обложен со хартија за печење
Остатокот од тестото повторно замесете го и развлечете го во кора од која повторно ќе вадите ванилици и сè така додека да се потроши материјалот
Излегуваат околу два плеха.

Остатокот од тестото повторно замесете го и развлечете го во кора од која повторно ќе вадите ванилици и сè така додека да се потроши материјалот. Излегуваат околу два плеха.

Се печат во рерна загреана на 200 степени по што се намалува на 180 степени, максимално 15 минути. Ванилиците треба само да се исушат и да останат бели, да не пожолтат.
Печените ванилици се оставаат 15-тина минути да изладат, па се мачкаат со џем и се лепат по две, по што се валкаат во шеќер во прав
користете џем по ваш вкус
во шеќерот за валкање можете да додадете и ванила

Печените ванилици се оставаат 15-тина минути да изладат, па се мачкаат со џем и се лепат по две, по што се валкаат во шеќер во прав. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.