Некои го нарекуваат Виенски чискејк и за кратко време стана многу популарен во целиот свет. Пробајте го и уверете се зошто е тоа така.

Потребни состојки: 100 г путер, 200 г шеќер, 5 јајца, 1 кг полномасно несолено сирење, 1 лажица густин, 1 лажица брашно и екстракт од ванила. За глазура: 100 г чоколадо и 50 г путер

Постапка: Изматете го пенасто путерот со шеќерот кој претходно сте го оставиле на собна температура. Потоа започнете да додавате едно по едно јајце непрекинувајќи со матењето. Откако едното јајце ќе биде изматено и изедначено во смесата, додадете го другото јајце. На крај додадете екстракт од ванила.

Потоа со лажица внимателно додадете го сирењето, а потоа и густинот и брашното. Рерната загрејте ја на 170 степени. Во намастена тркалезна тепсија или калап за торти со средна величина (обложен со фолија) излејте ја смесата, па намалете ја температурата на 150 степени. Печете околу еден час.

Откако ќе ја исклучете рерната, подоворете ја вратничката и оставете ја тепсијата уште некое време да се подизлади внатре. Кога тортата добро ќе излади, прелијте ја одозгора со чоколадната глазура, односно, растопете ги чоколадото и путерот заедно на многу тивок оган или врз пареа.

Lepaisrecna.rs