Кој ги обожава ќофтињата од зеленчук, нема да погреши доколку ги проба овие. Ќофтињата не се многу калорични, а притоа се и витамински и може често да ги консумирате во текот на летото. Откога го најдов рецептот за овие ќофтиња, сите забележаа дека го израмнив стомакот за 1 месец.

Јас им го кажав овој рецепт на сите мои пријателки и тие почнаа да ги прават. Ќофтињата се подготвуваат со сладок компир, кој изобилува со витамин А, кој е одговорен за здравјето на кожата, косата, лицето, но и целиот организам. Во нашата архива може да најдете многу рецепти за подготовка на слични ќофтиња со тиквички.

Ќофтињата се обликуваат со зелка, се похуваат и се пропржуваат сосем кратко додека да фатат коричка.

Доколку не можете да најдете зелка во овој период, заменете ја со листови од блитва, или пак, направете ги на ист начин, со единствена разлика што во нив ќе додадете лебни трошки, јајца и брашно (смесата за похување) и ќе соедините во поцврста смеса за обликување.

Доколку ги правите на овој начин, најдобро е да ги испечете во рерна на 180 степени, 20-25 минути. И на овој начин се многу вкусни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 слатки компири, 1 црвен кромид, маслиново масло за пржење, 1 лута пиперка, сол, 1 црвена слатка пиперка, 1 мала зелка, 3 јајца, 3 лажички брашно, 120 г презла.

ПОСТАПКА: Излупете ги трите слатки компири и исечете ги на помали коцки. Ставете ги во тенџере, па прелијте ги со вода и посолете. Тенџерето пренесете го на рингла вклучена на средна температура. Гответе додека компирите да омекнат.

На дрвена, кујнска даска исечкајте 1 главица црвен кромид на ситно. Ставете да се пропржи во малку маслиново масло. Повремено промешувајте и гответе додека кромидот да омекне. Исечкајте ги лутата и благата пиперка (кој не поднесува, може да стави две благи) на ситно. Додајте во омекнатиот кромид.

Гответе на тивок оган додека сѐ да омекне и зачинете по вкус. Зелката одвојте ја на листови со средна големина и потопете ги во топла вода со малку сол. Оставете ги 30-тина минути, а потоа процедете ги. Во еден подлабок сад соединете ги трите јајца со 3 лажици брашно. Во посебен сад ставете ја презлата.

Варените компири процедете ги и измечете ги во пире. Додајте ги во пропржениот зеленчук и сѐ измешајте во хомогена смеса. Ставајте по 1-2 лажици од филот во зелката и виткајте како сармички. На овој начин подгответе ги сите парчиња, додека имате зелка и фил.

Вака подготвените ќофтиња потопувајте ги во јајца, па во презлата. Пржете во загреано масло 5-8 минути, додека да поруменат. ДОКОЛКУ ГИ ПОДГОТВУВАТЕ ВО РЕРНА: Во смесата од компир и пропржен зеленчук, додајте 2 јајца, брашното и постепено додавајте ја презлата.

Соединете во поцврста смеса која може да се обликува во ќофтиња. Со помош на две обични лажици црпете од смесата и редете ги на еден обложен плех за печење, малку раздалечени. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути, додека да фатат фина коричка. Деталите погледнете ги ОВДЕ.