Кога бев студент често го приготвував ова јадење, бидејќи е многу едноставно и брзо, а вкусно е како да излегло од некој елитен ресторан. Па дури и денес кога ќе ми се најават гости во последен момент, ова го правам за неколку минути, а може да се послужи и како мезе, како закуска, но и како ручек. Плехот со леб и прелив испечен во рерна е готов за 10-тина минути. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (огноотпорен сад 22 см): 3 тортиљи, а може да користите и обични парчиња леб, 120 г кашкавал, 100 г кисела павлака, 15 г млад кромид, 5 варени јајца, 5 г сол, 3 г црн пипер. ЗА ПРЕЛИВ: 2 јајца, 75 мл млеко, 80 г кисела павлака, 3 г сол, 10 г младо кромитче




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад изрендајте 120 г кашкавал по ваш избор, додајте изрендани 5 варени јајца, околу две млади кромитчлиња (15 г), многу ситно исечкани, па посолете со една лажичка сол и црн пипер по вкус.




Потоа додајте околу две полни супени лажици кисела павлака (100 г) и убаво измешајте ги сите состојки, додека тие да се изедначат и да добиете густа хомогена смеса која може да се црпи со лажица.




Смесата за премачкување е готова. Порано ова јадење почесто го правев со обичен леб, така што плехот ќе го обложев со хартија и ќе го наредев на дното со парчиња леб, пополнувајќи ги сите празнини, а потоа одозгира ќе ги премачкав со оваа смеса. Денес повеќе сакам да го приготвувам со тенки тортиљи кои се виткаат како палачинки.




Смесата поделете ја на три дела, па секоја палачинка премачкајте ја со третина. Потоа внимателно свиткајте ја како палачинка. Вака приготвените ролати од тортиљи исечете ги на парчиња со дебелина од 2-3 см. Наполнете го огноотпорниот сад и пополнете ги празнините.




ЗА ПРЕЛИВ: Во подлабок сад скршете две јајца, посолете, додајте млеко и кисела павлака, па изматете додека да се изедначи смесата. На страна ситно исечкајте една-две китки млад кромид, колку што можете поситно.




Кромидот додајте го во смесата од јајца и повторно промешајте. Преливот излејте го врз ролатчињата (или лепчињата), оставете неколку минути да се впие малку, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.