Воспалението на белите дробови или пневмонија претставува воспаление на белодробниот паренхим од различна етиологија. Факторите кои придонесуваат за развојот на болеста се: пушење, ал-кохол, загаденост на воздухот и придружни болести.

Воспалението на белите дробови го предизвикуваат бактерии, вируси, габички, како и различни физички и хемиски материи од надворешната средина. И покрај современата антибиотска терапија, воспалението на белите дробови и понатаму претставува голем здравствен проблем и може да доведе до см.ртен исход.

Кај типичните воспаленија на белите дробови, кои најчесто се предизвикани од бактерии, обично прво се јавува: кивавица, назална конгестија, б олка во грлото, засипнатост и покачена температура. Покрај тоа, може да се јават главоболка, мијалгија (б олка во мускулите и зглобовите) и изнемоштеност.

Кашлицата е речиси редовен симптом и во почетокот е непродуктивна (сува, надразнителна), а како болеста напредува станува продуктивна (влажна, зрела, со исфрлање бронхијален секрет или шлајм).

Кај одделни лица типично воспаление на белите дробови може да биде проследено со потешка клиничка слика, односно отежнато дишење, плеврална б олка, сè до конфузија и пореметувања на свеста.

Симптоматската терапија се применува кај сите воспаленија на белите дробови, а се состои од намалување на покачена телесна температура, со ладни облоги, туширање на болниот со млака вода, примена на лекови за намалување на температурата, односно антипиретици, потоа лекови за полесно искашлување на бронхијалниот секрет, со внес на витамини, доста течности и мирување.

Температурата треба да се намалува со антипиретици дури кога ќе премине 37,9 ˚C, бидејќи слабо покачена температура ги уни.штува микроорганизмите кои ја предизвикуваат болеста. Најважни антипиретици се ацетилсалицилната киселина и парацетамолот.

Лековитата смеса од банани е одлично природно средство против кашлица чија ефикасност е проверена и во лекувањето на упорната кашлица, како и на бронхитис. Посебно е делотворна кај децата, бидејќи не ја отфрлаат како другите лекови поради вкусот, но и кај возрасните.

Вкусна е, здрава, и многу хранлива, па благотворно делува и врз желудникот. Ако вашето дете го мачи болното грло и кашлица – задолжително пробајте да ја направите оваа чудесна смеса.

Потребни состојки: 2 средни зрели банани (најдобро да бидат оние со кафеави дамки), 2 лажици шеќер или мед (ако додавате мед, тогаш тој се става кога смесата малку ќе подизлади, бидејќи медот ги губи своите својства на високи температури), 400 мл зовриена вода.

Постапка: Излупете ги бананите. Добро изгмечете ги со виљушка или лажица (најдобро со дрвена или пластична за да не потемнат). Додајте го шеќерот и добро промешајте. Прелијте со врела вода, поклопете и оставете да отстои 30 минути. Ако користите мед, него ставете го на крајот, кога оваа смеса ќе се олади.

Смесата процедете ја низ пластична цедалка, но и не мора доколку не сакате. ДОЗИРАЊЕ: Пред кон.сумирање малку загрејте ја смесата да биде млака. Се кон.сумира 4 пати дневно (по околу 100 мл).

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШЕН СИРУП СО КОЈ СЕ ПОДОБРУВА ИСФРЛАЊЕТО НА СЕКРЕТОТ. Потребни состојки: 1 лимон, 1 цм корен од рен, 2 лажици мед, 3 чаши вода.

Постапка: Лимонот и ренот убаво измијте го и излупете го. Лимонот исечете го на 4 дела и извадете му ги семките. Ставете го во блендер, додајте го ренот и заедно сомелете ги. Во смесата додајте топла вода (не врела) и мед, па изблендирајте ги заедно уште 20 секунди во блендерот, па процедете.

Веднаш испијте половина чаша додека сè уште не се оладил, а остатокот складирајте го во термос или оставете го во фрижидер, но пред кон.сумирање малку загрејте го или разблажете го со топла вода.

Најдобро е да го кон.сумирате наутро, 20 минути после утринскиот чај и навечер пред оброк. Пожелно е овој напиток да го пиете еден месец, секој ден, а потоа да направите пауза од 7 дена, па повторно да ја повторите постапката од еден месец.

Напомена: Овој напиток го јакне имунитетот, ја исфрла слузта, но и ги согорува мастите во телото, со што може да поттикне е сла.беење. *Доколку имате висока температура и други тегоби, задолжително да побарате лекарска помош. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска