Сируп од мајчина душичка и ѓумбир за брзо стопирање на кашлицата уште од првиот ден (Рецепт)

Овој рецепт ја спречува кашлицата уште од првиот ден на користење – еве како едноставно се приготвува.

Домашниот сируп од мајчина душика и ѓумбир, велат дека кашлицата ја лекува како од шега. Низ Интернетот кружи овој рецепт, а луѓето велат дека им помогнал уште првиот ден кога започнале да го користат.

Потребни состојки:

¾ чаша мед
1,5 чаша вода (додадете повеќе ако сакате да го разредите кога сирупот ќе биде готов)
2 полни раце свежа мајчин душичка
1 парче од 4 см свеж корен од ѓумбир

Постапка:

Loading...

Во вода ставете мајчина душичка и ѓумбир и почекајте да зоврие, па потоа оставете да крчка уште околу 5-10 минути.

Потоа тргнете од оган, додадете мед кој нежно ќе го разматите во сируп, па оставете да отстои половина час до еден час.

Потоа складирајте го сирупот во шише или тегла и чувајте го во фрижидер.

Начин на дозирање: За возрасни: 3-5 лажици на ден. За деца: 3-5 лажички на ден, со консултација на лекар.

Loading...