Сируп против кашлица кај деца и возрасни

Првиот рецепт ни го испрати наша редовна читателка. Рецептот е проверен и ефикасен, па запишете си го, да го имате за секој случај.

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

1 поголема главица кромид неизлупен
4 ореви во лушпа поткршени
4 чаши вода

Постапка:

Кромидот убаво се мие и се сече на 4 делови. Оревите исто така убаво се мијат, се поткршуваат, па заедно со кромидот се ставаат во вода да вријат околу 15-тина минути. Потоа се остава малку да излади, се процедува и се засладува по потреба со мед. Се пие во текот на целиот ден.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

Loading...

1 кромид излупен
1 цело јаболко органско, неизлупено
1 орев во лушпа
3-4 чаши вода или по потреба

Постапка:

Една главица стар кромид, излупен, едно цело јаболко со лушпа (претходно измиено нели) и еден орев стар-убаво измиен и само накршен, напукнат (да не биде исчистен од тврдата обвивка). Сето тоа се вари 10-20 минути, да се добие темна течност, се процедува и се пие. Може да се додаде отпосле и малку мед.

РЕЦЕПТ 3

Потребни состојки:

300 мл вода
1 лажичка сува жалфија или 1 гранче свежа

Постапка:

Откако ќе зоврие водата се става билката и се остава да врие точно 3 минути. Се процедува и се пие како чај.

РЕЦЕПТ 4

Потребни состојки:

½ лажичка жалфија
1 шолја млеко
1 лажичка свинска маст
½ лажичка сода бикарбона

Постапка:

Половина лажичка жалфија се става во врело млеко и се остава да врие точно 3 минути. Потоа се додава лажичка свинска маст и половина лажичка соа бикарбона. Се пие свежо приготвено во мали голтки. Се препорачуваат три шолји дневно, додека трае кашлицата.

РЕЦЕПТ 5

Потребни состојки:

500 мл вода
4-5 помали главици кромид
малку цимет
неколку ловорови листови

Постапка:

Кромидите измијте ги и заедно со лупшата, пресечени на поголеми парчиња ставете ги да вријат додека да остане третина од првобитната количина. Пред крајот од готвењето додадете неколку ловорови листови и малку цимет.

РЕЦЕПТ 6

Во половина литар вода ставете пет цели измиени ореви и накршени и три помали или две главици кромид, исто така претходно измиени и расечени, со лушпа. Варете додека водата да се намали на третина, процедете и пијте како чај. На кој не му се допаѓа, може да додаде и мед.

РЕЦЕПТ 7

1 главица кромид, измиена и неизлупена
7 суви карафинлчиња
3 ореви (може и само јатки да бидат)
500 мл вода

Постапка:Кромидот измијте го и исечете го на четвртинки, а во нив набоцкајте ги каранфилчињата. Ставете ги состојките да се варат околу 10 минути. Потоа оставете уште 5 минути на изгасена рингла. Процедете и пијте го топло.

Рецепт и фото: Адриан Лупса.

Loading...