Борот е иглолисно дрво, широко распространето во Европа, а лековитите борови иглички се лесно достапни за секого. Боровите иглички не се веројатно најочигледниот избор во потрагата по лековити билки, но содржат изненадувачки големи количини на витамин Ц во споредба со другите видови билки.

Како што е познато, витаминот Ц е клучен за човечкиот имунолошки систем, бидејќи го стимулира производството на бели кр-вни зрнца кои се борат против воспалителните состојби во организмот.

Исто така, витаминот Ц е една од најважните компоненти на колагенот, неопходен за создавање нови и регенерација на оштетените клетки на телото. Покрај витаминот Ц, боровите иглички се богати со витамин А и каротеноиди, поради што можат да помогнат во лекување и ублажување на некои медицински проблеми.

Лековити својства на борови иглички

Поради големата количина на витамин Ц, производите од борови иглички може да се користат како превентива против настинка и грип во зимските месеци. Борови иглички содржат активни состојки кои стимулираат искашлување и излачување на секрет од дишните патишта, со што се промовира третман на воспалено грло и бронхитис, а исто така може да помогне во ублажување на симптомите на астма.

Во исто време, антисептичкото дејство на есенцијални масла од борови иглички ги уништува патогените бактерии со спречување на ширење на инфекција на дишните патишта.

Есенцијалното масло од бор се добива со дестилација на пареа од игли и гранчиња и се карактеризира со свеж и силен мирис. Обично е безбоен, но може да има и килибар боја. Најважните состојки на есенцијалното масло од бор се борнил ацетат, α- и β-пинен и камфор.

Во традиционалната медицина, боровите иглички се честа состојка во препаратите за подмачкување на гра-дите во случај на респираторни проблеми. Исто така се користат во препарати за ублажување на болката предизвикана од ревматизам, артроза, артритис, ишијас и други воспалителни процеси на нервниот систем бидејќи ја зголемуваат циркулацијата на кр-вта.

Боровите иглички имаат корисен ефект врз воспалителни состојби на кожата. Како препарати се користат за нега на скалпот против зголемено лачење на себум, а исто така го намалуваат лачењето на потта.

Инхалации од есенцијално масло од бор може да се користат за ублажување на анксиозноста или стресот. Исто така, ова масло добро го освежува и дезинфицира просторот, така што се користи и како освежувачл. Во скандинавските земји, ова масло се користи во сауните.

Во 2011 година, Факултетот за технологија на храна и биотехнологија, Универзитет во Загреб спроведе студија за да утврди дали есенцијалните масла од борови иглички  имаат антимикробна активност врз растот на избраните соеви на микроорганизми кои се штетни за луѓето и животните.

Истражувањето е спроведено на таков начин што се овозможува директен контакт на есенцијалното масло од борови иглички и есенцијалното масло од борови шишарки со клетките на микроорганизмот.

Од добиените резултати се пресметани вредностите на намалување на растот на микроорганизмите во присуство на есенцијално масло од борови иглички и есенцијално масло од борови шишарки. Резултатите покажаа дека есенцијалните масла од борови иглички имаат голема потенцијална употреба во прехранбената и фармацевтската индустрија.

Боровите иглички се карактеризираат со висока концентрација на витамин А и каротеноиди кои имаат корисен ефект врз здравјето на очите, спречувајќи појава на катаракта и дегенерација на макулата, кои се најчести проблеми со видот во староста.

Витаминот А е исто така важен за одржување на здравјето на кожата бидејќи неговите антиоксидативни својства ги уништуваат штетните слободни радикали и ја забрзуваат регенерацијата на клетките на кожата, поради што производите од борови иглички може да го забрзаат заздравувањето на лузните од акните и да го забават формирањето на брчки.

Белиот бор е најраспространетиот бор и неговиот раст успева во различни живеалишта (песочна, карпеста, богата и сиромашна почва) и во различни климатски региони. Неговите млади иглички се собираат на пролет, се сушат или се добиваат од есенцијално масло кое има корисен ефект врз хипофизата и може да се користи за инхалација при бронхитис и за бањи за лекување артритис.

Смолата добиена со сечење на дрвото се собира за да се добие масло од терпентин што се користи за терапевтска масажа. Екстрактот од бор се користи во многу фармацевтски препарати.

Иако сувите борови иглички може да се користат за да се направи класичен корисен чај, помалку е познато како може да се користат при подготовка на сируп што може да се користи секојдневно со едноставна подготовка.

Сируп од борови иглички – рецепт

Најдобро е да ги собирате на место што не е загадено, на планина или рид каде што нема многу загадувачи. Боровите иглички се берат исклучиво кога времето надвор е сончево.

За подготовка на овој сируп, може да комбинирате и светлозелени иглички од ела или смрека за уште посилен ефект на сирупот. Важно е да знаете дека не треба да се користат кои било иглички од зимзелените дрва, затоа што некои од нив се о тровни како тисата.

Боровите иглички ќе ги познаете според карактеристичната боја и должина. Долги се 5 – 6 цм. Потребен ви е еден сад борови иглички. Овој сируп нема конкретна количина на состојките, така што во зависност колку борови иглички сте собрале, толку ќе ви излезе и суруп.

Подготовка: Боровите иглички ставете ги во сад со вода и оставете да отстојат некое време додека да омекнат малку. Наредете ги на крпа да се потсушат, а потоа во тегла додајте еден ред борови иглички, па еден ред шеќер и продолжете ја истата постапка додека да ја наполните целата тегла.

Последниот ред треба да завршува со шеќер. Потоа теглата добро затворете ја и ставете ја да отстои на сонце 40 дена пред да почнете со консумирање на сирупот. Најдобро е боровите иглички да ги берете во овој период на сончев ден.

По изминатото време, процедете го сирупот низ газа и консумирајте 2-3 лажици на ден пред оброците за зајакнување на имунитетот и лекување на хроничната кашлица. Доколку избегнувате шеќер, може да го замените со мед. Деталите од целата постапка погледнете ви во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Прочитајте ја и следната статија: Мед од борови шишарки: нема кашлица, нема болки во грло, штитната жлезда работи супер и сè е под контрола!

Шишарките на борот се употребуваат додека се млади, со должина од 3 – 5 цм, бидејќи со нивното понатамошно дозревање попримаат дрвенест облик и ги губат своите лековити својства.

Младите шишарки содржат етерични масла, богати со витамин Ц, содржат лековита ароматична смола и голем број антиоксиданти. Исто така имаат алкално дејство. Сето ова ги прави одлична состојка за приготвување на моќна тинктура за подобрување на хипотиреозата.

Лековити својства имаат игличките од борот, младите гранчиња, младите шишарки, смола и кора. Игличките се користат свежи, бидејќи со сушење се губи витаминот Ц. Малку е познато дека лековитоста на игличките се зголемува и за 80% доколку игличките се искршат или исечкаат на помали делови.

Капки за хипотиреоза

Напролет наберете 15 млади борови шишарки (3-5 цм). Сомелете ги колку може поситно. Прелијте ги со 50 мл квалитетна вотка или домашна ракија и оставете да отстојат поклопени во теглата 10 дена. Потоа процедете ја добиената смеса. Пијте по 5 капки трипати дневно. Терапијата трае 3 седмици (21 ден).

Како делуваат капките:

Позната ни е лековитоста на разните билки, зеленчук и овошје, меѓутоа помалку ни се познати лековитите својства на зимзелените дрва. Борот одамна се користи во народната медицина за лекување на реума и за прочистување на дишните патишта, како и за лекување на кашлица и белодробни заболувања, па и хипотиреоза.

Борот е еден од најраспространетите четинари и сите делови на ова дрво имаат лековито дејство. Лековитите својства на борот може да се користат во текот на целата година, а најделотворни се кога неговите лековити делови се собираат во текот на пролетта.

Рецепт за суруп од шишарки

Потребни состојки: 1,7 кг млади шишарки, 1 кг шеќер, 100 – 200 мл лозова ракија.

Постапка: Сите состојки се ставаат во голема стаклена тегла. Теглата треба да биде добро херметички затворена и да се остави да отстои на сонце 40 дена. Потоа се процедува.

Рецепт на читателка:

170 мали шишарки се ставаат во тегла, се дополнува со 1 кг шеќер и 1 литар ракија, најдобро лозова, но може и сливова, крушова или јаболкова. Се оства на сонце со повремено протресување. Јас вака го оставам до есен и потоа го процедувам во стаклени шишиња.

Има многу добар вкус, густо е како сируп и испробано добар и спремен за зимските денови. Може да се прави и за деца, па за нив наместо ракија и шеќер ставам мед од глуварче. Постапката и натаму е иста.

Рецепт од читателка – Мед со борови шишарки за јакнење на имунитетот 

За зима секогаш оставам една тегла лековит мед од шишарки кој сама го правам. Во шума собирам млади зелени шишарки, ги преливам со вода да бидат прекриени, а потоа ги варам 20 минути во затворен сад.

Потоа треба да отстојат 24 часа. Следниот ден се додава шеќер во однос 1:1 и се вари како обичен џем. Трипати дневно се зема по едно лажиче мед за јакнење на имунитетот, при било кој облик на настинка, ангина, грип и болести на дишните патишта.