Си мислите дека е грип, а всушност тоа е леукемија. Препознајте ги навремено симптомите на болеста што се почесто ги напаѓа младите

Докторката Марта Ведлеј открива дека ризичната возраст е помеѓу 50 и 70 години, иако во поново време леукемијата ги напаѓа и помладите.

Младите крвни клетки кои ги произведува телото доаѓаат од коскената срцевина – масна супстанција која, односно сунѓересто ткиво со кое се исполнети шуплините на коските. Секоја секунда се создаваат милиони црвени и бели крвни зрнца.

Клетките остануваат во коскената срж се додека не се доволно созреани за да можат да се движат во крвта и соодветно да ги извршуваат различните функции што ги имаат. Прераното слевање на неоформени крвни зрнца од коскената срцевина во циркулаторниот систем е вид на рак, т.е. леукемија.

Кај заболените од леукемија, една од клетките од коскената срцевина мутира и станува канцерогена, а потоа се клонира – создава сопствени копии и на овој начин злокобната болест напредува.

Докторката Марта Ведлеј открива дека ризичната старосна структура се движи помеѓу 50 и 70 години од животот, иако во поново време леукемијата ги напаѓа и младите луѓе.

„Постојат неколку подтипови на леукемија кои се одредуваат според видот на клетката која мутира, како и во која фаза на создавање започнува мутацијата“ – објаснува онкологот Мередит Барнарт.

Кога станува збор за симптомите на леукемија, двете докторки се сложуваат: не постои јасен симптом.

„Симптомите зависат од подтипот, но многумина од нив се слични на обичен грип и затоа честопати не се препознаваат“ – вели Барнарт.

1.БЛЕДА КОЖА

„Кога се развива леукемијата, младите крвни клетки оштетени со канцер може да ја преплават коскената срцевина и на тој начин да го отежнат производството на здрави клетки.

Бидејќи во телото имате помалку здрави, а повеќе оштетени клетки, може да дојде до анемија, а со самото тоа и бледило на кожата, особено на лицето“ – објаснува Барнарт. Анемијата може да предизвика и постојано чувство на студени дланки.

2.ЗАМОР

„како и кај многу други болести, заморот е вообичаен симптом на леукемијата“, вели Ведлеј. Ако постојано се чувствувате исцрпено и немате енергија, а порано сте имале доста, би требало да се обратите на лекар. Анемијата исто така може да биде причина за умор.

3.ИНФЕКЦИИ И ТЕМПЕРАТУРА

Крвните клетки се многу важни компоненти на имуниот систем. Ако тие не се здрави, како што е тоа случај кај леукемијата, лицето обично се разболува многу почесто. Ведлеј вели дека инфекциите и температурата се уште едни од симптомите кои најчесто се среќаваат кај леукемијата.

4.КРАТОК ЗДИВ

„Заедно со недостиг на енергија, краткиот здив е нешто на што исто така треба да се обрати внимание“ – истакнала Барнарт.

Обратете внимание во текот на физичките активности – ако забележите дека немате воздух или ви се чини дека дишењето ви е поинакво од порано, кажете му го тоа на лекарот.

5.СПОРО ЗАРАСНУВАЊЕ НА РАНИТЕ

Ако раните долго ви зараснуваат, а модринките многу лесно ви се појавуваат, тоа може да биде симптом на леукемија. Мали црвени точки на кожата, познати како петехии, исто така може да се појават поради леукемија, а кај оваа болест тие се јавуваат најчесто на нозете, велат докторките.

6.ДРУГИ СИМПТОМИ НА ЛЕУКЕМИЈА

„Покрај набројаните, други симптоми на леукемија може да бидат и ноќно потење и чувствителни болни зглобови“ – открива Барнарт, а Ведлеј вели дека треба да се обрати внимание и на губиток на тежината. Крвавење од нос, потечени или зголемени лимфни чворови, пад или скок на телесната температура, се исто така симптоми на оваа злокобна болест.

7.ДИЈАГНОЗА

Ако докторот се посомнева на леукемија, ќе ве испрати на дополнителни тестови, за да се утврди бројот на црвени крвни зрнца и тромбоцити.

Ако резултатите ја потврдат претпоставената дијагноза, лекарот ќе ве испрати на хематолог, доктор специјализиран за пореметување и рак на крвта, кој ќе го одреди типот на болеста и начинот на лекување.

Претходна статијаИзбројте ги линиите на рачниот зглоб за да дознаете повеќе за вашето здравје
Следна статијаАко носите секој ден исти чевли може да ви се случи ОВАА опасна работа!