Луѓето честопати носат ист пар чевли додека не се истрошат, но тоа не е добро бидејќи и на нив им е потребен ден одмор.

Носењето на исти чевли секој ден не е добро ниту за вас ниту за вашите чевли – покажало најновото истражување на големиот американски производител на чевли „ Allen Edmonds“.

Студијата покажала дека чевлите треба да се менуваат секојдневно, бидејќи на тој начин чевлите траат подолго.

„Најдобар начин за да го продолжите векот на траење на своите обувки е секојдневно да ги ротирате и да се погрижите за чевлите после секое носење“, објаснуваат од Allen Edmonds за Business Insider.

Кога еден ист пар чевли ги носите секој ден, потта од стапалата се акумулира во нив и не успева да се исуши.

Поради ова, обувките со текот на времено го менуваат обликот. Ова особено се однесува на кожните чевли на кои потта има најголемо влијание, бидејќи ги истегнува и ги прави подложни на пукање, а да не говориме за смрдеата.

Уште една последица од потта е создавање на габички и бактерии кои ја нарушуваат хигиената на вашите стапала.

Покрај тоа, одмор им е потребен и на вашите стапала. Носењето на исти обувки со денови врши притисок на исти точки на стапалото, а како последица на тоа може да се јават сериозни деформации.

Следниот пат кога ќе почувствувате грижа на совест поради тоа што сте купиле само еден пар чевли, сетете се на ова и вратете се да купите уште еден пар!