Што значи кога ќе ви „заигра“ окото, рацете или нозете

loading...

Неволните движења на окото, рацете или нозете се нарекуваат бенигни фасцикулации. Обично се забележуваат додека телото мирува. Кај некои луѓе се појавуваат толку често што им пречат во секојдневните активности.

Дали овие неволни движења на мускулите значат некоја сериозна болест или се само показатели за одредена недоследност во исхраната, премор од физички напор или доживен стрес?

Пред да го разјасниме синдромот на бенигна фасцикулација (BFS – кратенка на англиски јазик), да го објасниме поимот „фасцикулација“, дефиниран во невролошките термини. Тоа е брзо, принудно нагло движење или грч на мускулот, кој се случува со дланките, нозете или очните капаци.

loading...

Иако бенигната фасцикулација може да биде досадна и забележлива, сепак се случува овие движења да поминат и незабележливо. Тоа е затоа што одредени движења не се доволно силни за да дојде до поместување на мускулот.

Што се Бенигни фасцикулации?

„Бенигно“ во овој случај не значи дека постојат и малигни фасцикулации, односно дека постојат штетни грчевити движења на нашето тело, туку укажува на тоа дека не станува збор за сериозно невролошко пореметување.

Значи, бенигните фасцикулации не се поврзани со пречки во развојот или одредени заболувања, туку претставува непријатна реакција на телото која може да причинува непријатности во секојдневниот живот кај луѓето на кои ова им се случува.

Тврдењето дека оваа несвесна појава на телото не е опасна и дека не укажува на одредено заболување е поткрепено со резултатите од студијата спроведена врз 120 пацинети со изразена BFS во текот на 32 години. Никому од овие луѓе не им била дијагностицирана латерална склероза ниту било која друга болест на моторниот неврон.

Кои се симптомите на BFS?

Синдромот на бенигна фасцикулација обично подразбира континуирање треперење на одредени делови од телото без некоја видни и конкретна причина. Грчевите може да се префрлат од една на друга група мускули, а најмногу се воочуваат додека телото мирува. Симптомите на оваа појава вклучуваат и контракција на мускуло, тремор, мускулни грчеви, болки во мускулите, вкочанетост, парестезија, невроза и сл.

Како доаѓа до појава на BFS?

Медицинскиот феномен BFS не е поврзан со сериозни невролошки болести ниту со оштетување на периферните нерви, но сепак се случува. Причина за појава на бенигните фасцикулации се:

-недостиг на сон

-напорно вежбање

-стрес

-пушење

-големо количество на кофеин (пиење многу кафе)

-дехидратација

-бременост

-умор

-недостиг на хранливи материи

-употреба на лекови

Природно лекување на BFS

Доколку бенигните фасцикулации во голема мера го отежнуваат вашиот секојдневен живот се препорачува посета на лекар. Сепак, постојат одредени природни средства за контрола на грчевите во мускулите.

Како прво, мора да се ограничи внесот на кофеин и да се обезбеди квалитетен сон. Се препорачува одбегнување на лекови кои предизвикуваат фасцикулација (тоа се оние кои содржат кортикостероиди).

Ако причина за BFS е алергија на некоја храна, тогаш потребно е да се изврши промена на исхраната, за да се ограничи внес на глутен, млечни производи или други намирници кои причинуваат алергија.

Употреба на магнезиум како додаток на исхраната ќе помогне да се смири стресот и да се одржи нивото на енергија во телото. Натриумот во морксата сол ја поддржува ефикасната комуникација меѓу нервите и мускулите, со што се намалуваат неволните мускулни контракции.

loading...