Баунти бајадера – без печење, се приготвува многу, многу брзо

Баунти бајадерата без печење е готова за многу кратко време и со малку ладење е готова за послужување. Може да се сече и во коцки и во штангли, по ваша желба. Сигурна сум дека ќе уживате во ова слатко задоволство. За сите љубители на кокосот.

Потребни состојки:

300 г мелени бисквити
200 г црно чоколадо
200 мл млако млеко (за посно: оризово или бадемово млеко)

За фил:

500 мл млеко (за посно: оризово или бадемово млеко)
100 г шеќер
80 г гриз
170 г кокос

За глазура:

150 мл слатка павлака
150 г црно чоколадо

Постапка:

Ако ја приготвувате посната варијанта користете посни бисквити и оризово или бадемово млеко, а глазурата направете од црно чоколадо и малку масло.

Измешајте мелени бисквити и изрендано чоколадо. Полека долевајте млеко и месете.

Смесата за кота распоредете во калап 30 х 20 см или во помал ако сакате колачот да ви биде повисок.

Само не го ставајте во поголем од овој, зошто колачот ќе излезе многу тенок. Истресете ја смесата, па со дланката притиснете насекаде подеднакво.

Млекото со шеќерот ставете го на оган да проврие. Потоа додадете го гризот и мешајте додека малку да згусне.

Кога ќе згусне како пудинг тргнете го од оган па додадете го кокосот и мешајте. Кокосот дополнително ќе ја стегне смесата.

Тргнете од оган, малку изладете да не биде врело, па лажица по лажица ставете ја смесата врз кората и израмнете со шпатула.

Загрејте ја слатката павлака и искршете го чоколадото. Со врелата слатка павлака прелијте преку чоколадото и мешајте додека целосно да се растопи и соедини.

Прелијте преку филот од кокос и оставете убаво да излади и да се стегне.

Loading...