Што треба да направите за да не ви замрзнат цевките дома во овие поларни денови

Замрзантите цевки се поголем проблем за оние кои имаат куќа, а не и за оние кои имаат станови. Моментно еден од најголемите проблеми за оние кои живеат во куќа е да пронајдат решение за замрзнати цевки.

Постојат прецизни информации по ова прашање:

Loading...

-Граѓаните кои имаат викендици или куќи во кои не живеат во текот на зимскиот период, би требало да ги испразнат своите водоводни инсталации и на тој начин да се заштитат од евентуална штета.

​ 

Повеќедневните ниски температури може да направат штета во бањата или кујната со смрзнување на водата во инсталациите.

-За да ги сочувате водомерите и во текот на зимскиот период и непречено да ја мерите потрошувачката на вода, потребно е адекватно да се заштитат.

Водомерите би требало да бидат заштитени со:

Водомерите би требало да бидат заштитени со одговарачки капак и целосно суви, во случај доколку во нив се собира вода.

Одржувањето на шахтите во кои се наоѓаат водомери во надлежност се на потрошувачите.

-Водоводните инсталации во дворот кои водат до чешми, гаражи, шупи и издвоени објекти, кои не се греат, би требало благовремено да се обезбедат, на тој начин што во склоп на домашните инсталации ќе го затворите вентилот кој е наменет за овој дел од мрежата.

-Водата од водоводните цевки се испушта на славината за испуштање која се наоѓа на најнискиот дел од системот и најчесто се наоѓа во подрумски простории.

Ако потрошувачот на време ги “конзервира” овие места, односно мрежата ја испразни, нема да има проблем со пукање на инсталацијата.

Напролет со отворање на вентилите доаѓа до полнење на исталацијата со вода, а чешмите автоматски се спремни за користење.

Loading...