Еве како да го коригирате јадењето кое сте го пресолиле при готвењето

Дури и на најдобрите готвачи понекогаш може да им се случи да го пресолат јадењето, или да направат некоја друга грешка од невнимание па на крајот да добијат јадење кое не им успеало според желбата.

Меѓутоа, некои грешки при готвењето лесно се исправаат со помош на едноставни трикови кои можете да ги прочитате во продолжение.

Loading...

1.Преварен зеленчук

Решение: често се случува да заборавиме на зеленчукот додека се вари па тој на крајот повеќе наликува на каша за бебиња. Ако зеленчукот кој се преварил е се’ уште во едно парче, префрлете го во студена вода неколку минути, и со тоа ќе го стопирате процесот на готвење и ќе го спречите понатамошниот губиток на текстурата и вкусот.

Потоа извадете го од водата, ставете го во плех или во сад по желба, изрендајте малку сирење/кашкавал одозгора и кратко запечете во рерна додека да се стопи кашкавалот и да направи крцкава кора.

Ако пак зеленчукот целосно ја изгубил формата, од него направете пире со малку путер, сол и црн пипер.

2.Преварен ориз

Решение: преварениот и раскашавен ориз можете да го спасите така што ќе го ставите на цедалка и потоа ќе го измиете под млаз студена вода. На тој начин ќе се раздвојат зрната и ќе се отстрани лепливата слуз.

Ако оризот се разварил до непрепознатливост употребете го за каша или сладок оризов пудинг варен во млеко.

3.Преварена тестенина

Решение: тава или подлабок сад ставете на оган и добро загрејте. Додадете неколку лажици маслиново масло и потоа додадете ја преварената тестенина.

Во овој момент мора да бидете внимателни бидејќи тестенината треба да се пропржи многу кратко, само колку да се зацврсти однадвор и да добие помалку леплива текстура. Затоа мора да бидете постојано покрај шпоретот за да не ви се случи уште една грешка.

4.Премногу лути зачини

Решение: зачините се доста комплицирани, особено ако користите некои со кои не сте добро запознати, а тогаш е тешко да погодите колку точно треба да ставите за да добиете совршен вкус. Малку повеќе црн пипер или чили, вашето јадење може да го претвори во „огнено“ луто јадење.

Меѓутоа, во зависност од тоа што готвите, понекогаш јадењето може да се спаси со додавање на нешто слатко со што ќе се неутрализираат другите вкусови. Шеќер, суво овошје или мармалад често се додаваат во месо или варива, а ако правите нешто крамасто на пример, намаз или сос, ќе се спаси со неколку лажици јогурт или павлака.

5.Премногу шеќер

Решение: испечените бисквити или колач во кој сте додале премногу шеќер не можете да ги спасите, но затоа имајте на ум дека можете да го пробате тестото пред да го ставите на печење.

Ако забележите дека сте ставиле премногу шеќер, никако во тестото не додавајте сол, бидејќи на тој начин само уште повеќе ќе ја нагласите слаткоста. Наместо тоа додадете кислина: сок од лимон, портокал или лимета, или кисели млечни производи: јогурт, павлака и сл, кои ќе го избалансираат вкусот.

6.Колач кој не излегува од калапот

Решение: без разлика на тоа колку путер, брашно или трошки сте поросиле, понекогаш колачиите едноставно се тврдоглави и не можат да излезат од калапот. Ова особено се однесува на куглофот кој често се приготвува во изрезбарени калапи, а нив понекогаш е тешко правилно да се намастат поради многуте кривини и вдлабнувања.

Задолжително причекајте колачот целосно да излади бидејќи процесот на ладење му помага да се одвои од калапот. Ако ни после ладењето не може да излезе, тогаш дното на калапот потопете го во топла вода која ќе ги „ослободи“ мастите и ќе му помогне на колачот едноставно да излизга од калапот.

7.Загорен бифтек кој во средината останал суров

Решение: кога бифтекот го печеме на скара или го пржиме на температура која е превисока, ќе добиеме ваков бифтек. Кога тоа ќе ви се случи, не продолжувајте да го печете бидејќи така само уште повеќе ќе го загорите, туку ставете го во рерна на 150 степени и печете го до посакуваното ниво.

8.Згрутчено чоколадо

Решение: чоколадото кое во себе има многу шеќер, лесно во текот на топењето од мазна смеса може да се претвори во грутки. Тоа се случува ако го топите на превисока температура или случајно ставите неколку капки вода.

Чоколадото ќе го спасите така што ќе ставите во него малку путер, павлака или масло и повторно ќе го загреете на пареа. Мастите во чоколадото ќе му ја вратат мазната текстура.

9.Горчливо јадење

Решение: понекогаш одредени намирници во јадењата или салатите сами по себе се горчливи па им треба помош за да добијат поблаг вкус.

Горчината најчесно ќе ја маскирате со додаток на киселина: лимонов сок, или трошка мускантно оревче кое на јадењето ќе му даде благ, слаткаст вкус. Во салатите можете да додадете исечкани ореви кои исто така ќе ја трансформираат горчината.

10.Суво пилешко

Решение: препеченото или превареното пилешко исечете го на помали парчиња, полејте ги со омилениот сос или топено сирење кое веднаш ќе го збогати месото и ќе ја маскира неговата лоша текстура.

Loading...