Кинеската медицина покажува дека пред појава на ракот на дебело црево во нашиот организам се јавува камен во жолчка, кој претскажува дека ризикот за оваа кобна болест е значително зголемен. Затоа, ако имате било какви тегоби после јадење, не чекајте и одете на преглед.

-Ракот не е никогаш прва болест која се јавува – вели кинескиот доктор Лаи Чиу Нан, наведувајќи дека, обично се јавуваат многу други проблеми кои доведуваат до рак. Според неговото истражување, обично луѓето заболуваат од рак, имајќи веќе камења во жолчката.

Еден од симптомите за камења во жолчка е чувство на подуеност, чувство на прејадување после оброк. Имате чувство како да не можете да ја сварите храната. Доколку работите станат сериозни, се јавува болка во црниот дроб. Ако мислите дека имате камен во жолчка, најдобро би било да го примените овој древен кинески метод.

Се смета дека овој кинески метод исто така е добар за јакнење на црниот дроб, бидејќи жолчниот меур и црниот дроб се поврзани.

Како да се исфрли камен од жолчка преку измет:

1.Првите пет дена внесувајте четири чаши сок од јаболка секој ден или изедете најмалку 4-5 јаболка. Сокот од јаболка го омекнува каменот во жолчка. Во текот на 5 дена можете нормално да јадете.

2.Шестиот ден не вечерајте. Тој ден во 18 часот земете лажичка магнезиум сулфат (од аптека) или уште познато како горка сол – со чаша топла вода. Потоа истото направете го во 20 часот. Магнезиум сулфатот го отвора жолчниот меур. Во 22 часот изпијте 5-6 лажици маслиново или сусамово масло, со исто толку свежо исцеден сок од лимон. Добро промешајте и испијте. Маслото ќе ги подмачка камењата и ќе го помогне нивното исфрлање.

Следното утро, во вашата столица би требало да најдете зелени камења, кои обично пловат на површината.

Секако, не се препорачува на своја рака да се презема било што, па затоа најдобро е да се посоветувате со вашиот лекар.