Леб што не се меси со рака – состојките се мешаат со дрвена лажица

Фото и рецепт: Анета Секуловска

Потребни состојки:

450-500 г брашно

340-350 мл вода

1 квасец

1 – 1 ½ лажиче шеќер

1 лажиче сол

50 мл масло (околу 1 – 2 супена лажица, маслиново или обично масло)

Постапка:

Ова е вид на леб кој не се меси со рака, а состојките само се мешаат со дрвена лажица и треба да стои покриено во тенџере или шерпа, околу еден час.

Тестото е меко и лепливо, па кога е стасано се префрла на платнена крпа која е наросена со брашно, па со крпата се оформува и се префрла во огноотпорен сад обложен со хартија за печење и одозгора се поросува со брашно.

Треба да има капак. Се остава 10-тина минути да стаса.

Се пече на 220 – 200 степени околу 30-45 минути, во зависност како ви пече рерната.

На сред печење може да се премачка со млака вода, доколку сакате да имате крцкава кора.

Кога е печено се попрскува со вода и се витка во памучна крпа.

Loading...