Семе од коприва и мед – комбинација за јакнење на крвта, штитната жлезда, имунитетот, чистење на црниот дроб…

Копривата е на врвот од лековитите самоники билки кои многумина ги сметаат за плевел. Семето на копривата пак, е уште полековито од самата билка, па затоа најчесто се користи во приготвување на различни лековити препарати.

Семето од коприва содржи витамини Ц, Б, Д, Е и К, железо, калиум, калциум, магнезиум, цинк, манган, бакар. Може да се купи од Билна аптека или продавници за здрава храна, а можете и сами да го соберете и да го исушите. Семето се собира во август.

СЕМЕТО ОД КОПРИВА КАКО ЛЕК:

За јакнење на имунитетот; лекување на анемија и недостиг на железо; лекување на уринарни инфекции; лекување на настинки и против алергиски реакции.;има диуретично дество и поттикнува исфрлање на вишок вода од организмот, а се користи и против ноќно мокрење.

Делува благотворно на ендокриниот систем (штитна жлезда); ги јакне забите и коските; лекува кашлица; лекува жолтица; го чисти црниот дроб и крвта; лекува ревма и артритис; заболена простата и смирување на астма и воспаление на бели дробови

СЕМЕ ОД КОПРИВА И МЕД

Оваа комбинација претставува врвен народен лек за многу болести, кои повеќето ги наведовме погоре.

Семето од копривата има антибактериско и антивирусно дејство, како и медот – кој е еден од природните антибиотици. Лековитоста и благодетите на медот се веќе одамна познати.

Покрај својата лековитост, медот е извонреден природен конзерванс, па токму поради таа своја способност се користи за приготвување на различни препарати во комбинација со некоја друга супстанција, за да се продолжи и да се сочува дејството во текот на подолг временски период.

Семето од копривата и медот најчесто се користат против анемија, за лекување на ноќно мокрење кај деца, за јакнење на штитната жлезда, но и за јакнење на имунитетот.

РЕЦЕПТ ЗА СЕМЕ ОД КОПРИВА И МЕД:

Семето од коприва се користи во мелен облик. Па така, доколку го купувате од продавница каде имаат и мелница, побарајте веднаш да ви го сомелат или тоа вие самите направете го дома.

Потребни состојки:

100 г мелено семе од коприва
500 г квалитетен мед

постапка:

постепено со додавање на помали количини од семето и медот, измешајте ги двете состојки, а потоа складирајте ги во стаклена тегла која ќе ја чувате во фрижидер.

Во оваа смеса по желба може да додадете и мелено ленено семе, мелени бадеми или ореви.

Употреба: секое утро по една супена лажица на празен стомак.

ЗА АНЕМИЈА

Анемијата е заболување кое настанува поради дефицит на железо во организмот. Семето од коприва е богато со витамини и минерали како и други хранливи супстанции кои се природен лек за анемија. Покрај железото, содржи дури и фолна киселина и доволно витамин Ц, потребни за активација и апсорбирање на овој минерал.

Анемијата воопшто не смее да се изгнорира и мора да се лекува навремено, бидејќи од неа може да произлезат други, потешки болести.

Претходна статијаЕМ СИТ, ЕМ, ЗГОДЕН – Диета со која ќе се “стопите” за 20 дена! Се слабее 10-тина кг!
Следна статијаНајдоброто видео (4 мин) што некогаш сте го погледнале: Како се развива бебето 9 месеци во стомакот