ЕМ СИТ, ЕМ, ЗГОДЕН – Диета со која ќе се “стопите” за 20 дена! Се слабее 10-тина кг!

За читателите на НМД, а на наше огромно задоволство, оваа диета ни ја испрати нашата драга читателка Тања. Таа вели дека пронаоѓањето на оваа диета за нејзе било откровение, бидејќи со нејзина помош ослабела многу без притоа да се измачува со гладување.

Оттогаш, таа вели, дека најмалку еднаш до двапати во годината ја применува оваа диета, бидејќи пред сè не е тешка, а ги стопува вишокот килограми кои во меѓувреме се наталожиле.

Диетата ја открила во некое старо списание (речиси две децении), од кое ни испрати и фотографии.

ДИЕТА

Успешноста на оваа диета се состои во тоа што сè што му е потребно на организмот го зема од оброзите. Практично, ова е еден вид здрава измама на метаболизмот, кој навикнат да согорува повеќе од она што всушност ви е потребно, ќе ги топи мастите кои се вишок во вашето тело.

Диетата се состои од циклус од 20 дена во кои се јадат два точно определени оброка: Нивното количество не е ограничено.

Она што задолжително мора да го запазите е по завршувањето на еден диетален циклус од 20 дена да се направи пауза од еден месец. По завршувањето на тој месец можете повторно да започнете уште еден диетален циклус од 20 дена.

Од еден диетален циклус со сигурност се слабеат 8 килограми.

Оброците консумирајте ги на растојание од шест часа (на пример: првиот во 10 или 11 часот наутро, а вториот во 17-18 часот попладне).

ДИЕТАЛЕН ЦИКЛУС

1 ДЕН:

Макарони со сирење и јогурт (по ваш вкус). Макароните можете да ги приготвите по ваш вкус варени или потпечени.

2 ДЕН:

Тава ориз. Потпечен или пилав. Можете да го приготвите и на вашиот вообичаен начин за подготовка. Земајте го во комбинација со сирење и јогурт. По ваша желба.

3,4,5 ДЕН:

Пилешко месо со салата. Варено, печено на сол (без маснотија) по ваш вкус. Салатата може да ја направите по ваш вкус. Во неа можете да ставите сè што се подразбира под терминот зеленчук.

6,7,8 ДЕН:

Јунешко месо со салата. Подготовката на месото, повторно зависи од вашиот вкус.

9,10,11 ДЕН:

Риба со салата. Приготвена по ваш вкус: печена во фолија, или туна во конзерва, но не во масло, туку во вода.

12, 13, 14 ДЕН:

Зрнест зеленчук: грав, грашок, боранија, леќа. Нормално подготвено како што го јадете вообичаено. Значи гравчето може да го подготвите како чорба или пак тавче-гравче потпечено.

15,16 ДЕН:

Компири во сите можни варијанти: печени, варени, дури и помфрит.

17 ДЕН:

Само овошје. Може да јадете дури и банани.

18 ДЕН:

Макарони по ваш вкус, во прилог со сирење и јогурт (од првиот ден).

19 ДЕН:

Ориз подготвен по ваш вкус (од вториот ден).

20 ДЕН:

Верувале или не, дваесеттиот ден можете да јадете сè што е слатко: торти, еклери, баклави, чоколади… комбинирани во два оброка.

НАПОМЕНА:

Оброците кои ќе ги јадете двапати на ден можат да содржат количество на храна по ваши мерила. Значи два пати на ден, може да консумирате колку што сакате од она што ви следува тој ден.

Во текот на диетата, течностите се неограничени. Значи може да пиете кафе, чај (но не со шеќер, туку со “натрен” или стевија). Може сокови но не густи и газирани.

Минералната вода е дозволена во неограничени количини.

По завршувањето на циклусот од дваесет дена, не заборавајте дека мора да направите пауза од цел еден месец, кога треба да го отфрлите лебот и слатките (шеќерите).

Loading...