Оваа торта е толку многу вкусна и лесна за правење, ќе ви биде многу забавно додека ја подготвувате. Тортата не се пече и нема да извалкате многу садови за да ја подготвите. Изгледа многу интересно и е многу слична на зебра тортата. Состојките се исти, единствено е различно начинот на излевање на смесите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г чоколадни бисквити, 70 г растопен путер, 1 лажица млеко. ЗА КРЕМОТ: 30 г желатин + 150 мл млеко, 450 г павлака за готвење најмалку 20% + 25 г кондензирано млеко, уште 200 г крем за готвење (33-36%), 10-15 г ванилин шеќер, 30 г какао.

ПОСТАПКА: Во блендер иситнете ги на помали парчиња бисквитите и сомелете ги. Може да користите обични или чоколадни бисквити. Откога ќе ги сомелете во блендерот додајте го претходно растопениот путер и 1 лажичка млеко и повторно изблендирајте додека да се формира потврда смеса.

Смесата префрлете ја во калап со обрач (со дијаметар од 20 см) и добро распоредете ја, измазнувајќи ја површината подеднакво, со помош на задниот дел на обична чаша Ставете да се стегне во фрижидер околу 10 минути додека го подготувате кремот.

Подготовка на кремот: Во мала чашка додајте го желатинот со млекото (оставете малку млеко за подоцна) и измешајте и тргнете ја смесата настрана, приближно 20 минути да се зацврсти. Во друг поголем сад, измиксајте го кремот за готвење со кондензираното млеко и изматете со миксер до соединување.

Доколку немате кондензирано млеко, може да направите свое домашно или да замените со млеко во прав, шеќер, маргарин и зовриена вода. Во друг сад изматете го кремот за готвење до формирање на цврст снег.

Растопете го желатинот на ниска температура (не треба да преврие), а потоа додајте 1–2 лажици од мешавината од кремот за готвење и кондензирано млеко додека да се изедначат температурите на двете смеси. Потоа додајте го целиот желатин во оваа смеса и продолжете да матите со миксерот.

По соединувањето, постепено додавајте ја претходно разматениот крем во цврст снег и продолжете да матите со миксерот додека да добиете еднолична смеса, која лесно ќе се премачкува Поделете ја смесата на два еднакви делови, а во едниот дел додајте 1 кесичка ванилин шеќер, па промешајте, а во другата смеса додајте 30 г какао.

Прво измешајте со рачна маталка за да не се разнесе правот од какаото, па потоа соединете со миксер. Двете смеси загрејте ги на ниска температура на пареа да добијат малку потечна конзистентност, а потоа на следниот начин. Калапот треба да биде обложен со хартија за печење на дното и да има флексибилен обрач.

Врз бисквитот премачкајте со 6 лажици чоколаден крем и премачкајте преку целата основа. Додајте 4 лажици бел крем во средината, па 4 лажици чоколаден крем во средината на белиот и така повторувате додека да се потроши кремот. За поубава декорација може да ставате повеќе лажици од белиот крем, а помалку од темниот, за да се направат концентрични кругови, кои изгледаат многу интересно.

На крајот, декорирајте со чепкалка со повлекување на неколку линии, како што е прикажано на видеото подолу. Ставете ја тортата во фрижидер да излади најмалку  4–6 часа во фрижидер, а потоа послужете. При сечење, сечете триаголни парчиња како што е обележана декорацијата. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.