Пробајте, нема да се покаете. За половина час ќе ја имате на трпеза. Вкусен десерт за целото семејство. Тортата се прави многу брзо, а не треба да валкате многу садови за да ја подготвите.

Многу е декоративна, а самиот изглед ќе ве воодушеви. Има вкус на ванила и чоколадо, а долниот слој е од бисквити. Торта со богат вкус, умерена блажина, нема да наидете на ништо повкусно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 180 г чоколадни или обични бисквити, 70 г растопен несолен путер, 1 супена лажица млеко. ЗА КРЕМОТ: 30 г желатин, 150 мл млеко.

И уште ќе ви биде потребно: 400 г густа кисела павлака со најмалку 20% масленост (доколку немате може да супституирате половина маскарпоне со цврст јогурт или само цврст јогурт), 300 г кондензирано млеко, 200 г хопла (33-36% масленост), 10-15 г ванилин шеќер ( ќесичка), 30 г какао.

ПОСТАПКА: Во блендер иситнете ги на помали парчиња бисквитите и сомелете ги. Може да користите обични или чоколадни бисквити. Откога ќе ги сомелете во блендерот додајте го претходно растопениот путер и 1 лажичка млеко и повторно изблендирајте додека да се формира потврда смеса.

Смесата со конзистентност на влажен песок, претурете ја во калап со обрач (со дијаметар од 18 см), и добро распоредете ја, измазнувајќи ја површината подеднакво. Ставете да се стврдне во фрижидер 10-тина минути додека го подготувате кремот.

Подготовка на кремот: Во мала чашка сипете го желатинот и залијте го со млекото, промешајте и оставете го настрана, 20-тина минути да набубри. Во друг поголем сад, додајте ја киселата павлака со кондензираното млеко и изматете со миксер до соединување.

Доколку немате кондензирано млеко, може да направите свое домашно (рецепт 1 и рецепт 2) или да го замените со млеко во прав, шеќер, маргарин и зовриена вода. Во друг сад изматете ја хоплата до формирање на шлаг.

Растопете го желатинот на ниска температура, а потоа додајте 1 – 2 лажици од мешавината од кисела павлака и кондензирано млеко додека да се изедначат температурите.

Потоа додајте го целиот желатин во оваа смеса и продолжете да матите со миксерот. По соединување, постепено додавајте ја претходно разматената слатка павлака и продолжете да матите со миксерот додека да добиете еднолична смеса.

Поделете ја смесата на два еднакви делови, а во едниот дел додајте 1 кесичка ванилин шеќер, па промешајте, а во другата смеса додајте 30 г какао. Прво измешајте со рачна маталка за да не се разнесе правот од какаото, па потоа соединете со миксер.

Двете смеси загрејте ги на ниска температура (на пареа) да добијат малку потечна конзистенција, а потоа ставете 6 лажици чоколаден крем врз основата и премачкајте ја целата површина.

Потоа сипете 4 лажици од белиот крем на средината, но не премачкувајте туку оставете кремот сам да се шири. Сипувајте наизменично по 4 лажици чоколаден, па бел крем додека да се потроши смесата. Со помош на чепкалка за заби направете хоризонтални, вертикални и дијагонални линии, да добиете триаголници.

Ставете ја тортата во фрижидер да излади најмалку 4 – 6 часа, а потоа послужете ја. При сечење, сечете триаголни парчиња како што е обележана декорацијата. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.