Home Рецепти Нутела колач без печење: Готов е за неколку минути, мора да го...

Нутела колач без печење: Готов е за неколку минути, мора да го пробате овој вкус

Кога се мислите каков колач да си направите за да се заблажите, направете си го овој вкусен колач со нутела. Состојките веќе ги имате дома, а сѐ што треба да направите да ги изматите и премачкате состојките. Колачот не се пече и се подготвува за 15 минути.

Крцкавата основа од бисквити и два крема ја комплетираат глазурата со млечно чоколадо. Во рецептот се користи крем сирење „Абц“, обично несолено, а наместо тоа може да се користи маскарпоне. Нема разлика во вкусот, само во цената, а наместо Нутела можете да користите и еурокрем за кој веќе сте сигурни дека е добар и ви одговара. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 70 г путер, 30 г несквик, 100 мл млеко, 400 г крем сирење, 50 г шеќер во прав, 500 мл слатка павлака, 200 г Нутела. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г млечно чоколадо, 50 г темно чоколадо, 150 мл слатка павлака.

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад искршете ги бисквитите на помали парчиња, па ставете ги во блендер да се сомелат. Во бисквитот додајте го несквикот и полустопен или омекнат путер. Истурете малку млеко и измешајте. Во кружен плех со димензии  25×25 см или 30×20 см истресете ја смесата од бисквитите и притиснете ја со раката.

Оставете во фрижидер додека ги правите филовите. Иако бисквитот изгледа малку сува, таков треба да биде. За кремот: Се матат крем сирењето и шеќерот во прав. Настрана изматете ја слатката павлака во цвест снег. Соединете ги двете смеси и измешајте малку со миксер, па дополнително соединете со шпатула или жица.

Половина од овој изматен фил намачкајте го на бисквитниот слој и измазнете го. Во втората половина додајте ја растопената нутела (стопете ја во микробранова печка или држејќи ја теглата во топла вода). Врз белиот фил премачкајте го целиот фил со нутела и измазнете го.

За глазурата ксршете го чоколадото и прелијте со топлата слатка павлака и мешајте додека да се соедини и да добиете убава светло кафена глазура. Прелијте го колачот така што ќе се прелее на шпатула или лажица, а не директно врз колачот за да не се отвори дупка во филот.

Оставете го во калапот до сервирање. Пред сервирање извадете го прстенот, па со шпатула извадете ги исечените коцки. Најдобро е колачот да отстои неколку часа во фрижидер, пред сервирање. Деталите погледнете ги ОВДЕ.