Докторката Бранка Марковиќ објаснува како настанува мозочен удар и кои се симптомите. Процесот на рехабилитација започнува веднаш!
Третата причина за смртност во светот е мозочниот удар, а тој е водечка причина за инвалидитет кај возрасните. Токму затоа е неопходно луѓето кои го доживеале веднаш да започнат со процесот на рехабилитација. За тоа како оди закрепнувањето по мозочен удар зборуваше д-р Бранка Марковиќ, гостувајќи во К1 телевизија.
Како што истакна на почетокот, процесот на закрепнување по мозочен удар е многу сложен, а потоа објасни како настанува мозочен удар.
„Се појавува на два начина. Едниот е исхемичен кога е блокиран крвен сад, а другиот е кога ќе пукне крвен сад што предизвикува крварење во мозокот“, објасни докторката. На прашањето што е полошо, таа истакна дека такво нешто нема, и едното и другото се ризични, а единствено важно е да се знае колкав дел од мозокот е оштетен.
„Она што е многу важно е дека апсолутната итност за јавување на лекар е најважна и најзначајна“, објаснува д-р Марковиќ и додава кои знаци предупредуваат на таа итност.
На прво место, тоа е нарушено одење, потоа искривување, тешкотии со говорот, нестабилност, промени со околината – личноста не ги слуша и не ги разбира луѓето што точно му велат. Исто така, неколку дена пред мозочниот удар, доаѓа до негова најава:
„Тоа се т.н ТИА, транзиторни исхемични напади, кои често може да навестат мозочен удар. Но, доколку дојдеме навреме кај лекар, веќе може да се делува во првите четири часа“, додава докторката.
Кога станува збор за рехабилитација на мозочниот удар, таа започнува веднаш – првиот ден по самиот мозочен удар. Нобеловката Д-р Елизабет Блекбурн откри што треба да се направи за никогаш да не добиеме рак, срцев и мозочен удар или Алцхајмер:
За почеток, експертите велат дека за прерана смрт виновник е генетскиот фактор во 10-20% од случаите. А што е со 80-90% од случаите?
„Тоа е вашата исхрана и начинот на живеење! Типичниот начин на исхрана на еден модерен човек е всушност главниот виновник за предвремена смрт и хронични болести. Со други зборови, долг и здрав живот се работа на личен избор”, вели д-р Блекбурн.
Што одбираме за јадење секојдневно?
Кога секој од нас ќе размисли подобро, одговорот нема да биде најповолен. Дали пушите? Дали спортувате? Дали престанувате да јадете кога еднаш ќе се почувствувате сити или продолжувате да јадете додека сè да изедете?
Тоа се само некои од прашањата кои ги поставува д-р Блекбурн и порачува дека следните правила се клуч за долг и здрав живот: престанете да пушите, не прејадувајте се, барем половина час дневно спортувајте (тука спаѓа и пешачење), јадете здраво (повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарици, а помалку месо).
Доколку ги следите овие правила, д-р Елизабет смета дека сте го намалиле ризикот од развој на дијабетес за 90%, а ризикот од срцев удар 80%. Исто така, ваквиот стил на живеење го намалува ризикот од мозочен удар за 50% и ризикот од развој на канцер за 33%.
ОТКРИТИЕ ВРЕДНО ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА
„Во секоја клетка се наоѓаат 46 хромозоми. На врвот од секој се наоѓа мала „капа” која се нарекува теломер. Секојпат кога клетката ќе се подели, мал дел од оваа капичка исчезнува.
Кога теломерите целосно ќе исчезнат, клетката умира”, објаснува д-р Блекбурн, која за ова откритие во 2009 година заедно со својот тим доби Нобелова награда за медицина. Прочитајте: Зошто токму во мај треба особено да се внимава на симптомите од мозочен удар? – ОВДЕ. Докторката физијатар Бранка Марковиќ можете да ја слушнете ОВДЕ.