Одредени напитоци можат да ни помогнат да заспиеме побрзо, како и да го подобриме квалитетот на сонот. Експертите објаснуваат дека постојат особено квалитетни напитоци можат да ви помогнат да спиете подобро и ги открија трите најдобри.

„Нашата исхрана игра важна улога не само во количината на сон што ја добиваме секоја вечер, туку и во квалитетот на тој сон. Имајќи предвид дека пијалаците што ги консумираме сочинуваат голем дел од нашата исхрана, мора добро да размислиме што пиеме и кога, особено ако имаме проблем да заспиеме“, објасни нутриционистот Џес Блум и додаде:

„Секогаш е добро да разговарате со вашиот лекар ако имате проблеми со спиењето, но некои од напитоците подолу може да помогнат и во подобрување на квалитетот на сонот.

Чај од камилица – Направен од суви цветови на билката камилица, овој природен чај има благотворно дејство.

„Може да ви помогне да ги опуштите вашите мускули и да ја намалите анксиозноста, што ќе ви помогне да заспиете побрзо. Чајот од камилица често се користи како природен лек за несоница и други проблеми со спиењето. Истражувањата покажаа дека чајот од камилица може да помогне за подобрување на квалитетот и времетраењето на сонот“, вели нутриционистот.

Млеко. „Млекото содржи аминокиселина триптофан, која телото ја претвора во серотонин, невротрансмитер кој игра главна улога во сонот. Пиењето млеко пред спиење може да помогне да се подобри сонот поради присуството на триптофан. Важно е да се напомене дека ефектот на млекото врз спиењето може да варира од личност до личност“, објасни Блум.

Чај од маточина – Направен од листовите на растението маточина, овој природен лек е поврзан со подобар сон и помалку анксиозност.

„Некои истражувања сугерираат дека маточината може да има смирувачки ефект врз телото и умот, што може да помогне да се подобри квалитетот на сонот. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои земаат додатоци од маточина се чувствуваат помалку вознемирени и порелаксирани и имаат подобар квалитет на спиење од оние кои не земаат додатоци.

Сè додека чајот од маточина што го купивте е целосно природен, без дополнителни состојки како кофеин, може да биде одличен за консумирање пред спиење“, заклучи нутриционистот. Рецептот за напиток кој помага за полесно заспивање и одржување на мирен и длабок сон во текот на ноќта, според д-р Марио Лабудовиќ:

Во блендер ставете 200 мл бадемово млеко, 1 банана, 20 капки тинктура од валеријана (од аптека), 1 мала лажичка ашваганда во прав (од аптека) и 1 мала лажичка мед. Измиксајте добро и напитокот испијте го еден час пред спиење. Прочитајте: Ова е најважниот витамин за ЦВРСТ СОН кој може да ја излечи несоницата – ОВДЕ.

Прочитајте: Д-Р МАРИО ПИЕ ПО 1 ЧАША СЕКОЕ ПОПЛАДНЕ: за длабок сон, зајакнување на имунитетот и превенција од тyмори

Лекот многу потсетува на златното млеко кое се подготвува од куркума и млеко, а д-р Марио го има прилагодено рецептот со додавање на уште неколку состојки за кои смета дека го зголемуваат заштитното дејство врз организмот. Меѓутоа, како и секогаш, покрај советите кои тој ги дава, пред примена, негова препорака е секој да се конcyлтира со својот матичен лекар.

„Ќе ви покажам точно чекор по чекор како се применува овој напиток, и детално ќе ви го објаснам начинот на конcyмирање. Потребно е да си подготвите: 1 дрвена лажица, 1 мала лажичка, цејлонски цимет, ѓумбир во прав, органска куркума во прав, какао, црн пипер, 200 мл млеко и мед.“ Целиот рецепт прочитајте го ОВДЕ.