Парализа во спиење е состојба при која и покрај тоа што сте свесни, вие не можете да придвижите ниеден дел од вашето тело. Во таква ситуација, доколку доживеете вакво искуство, вие најверојатно ќе бидете преплашени бидејќи немате контрола врз моториката.

Можеби ова никогаш не ви се случило вам, но верувајте, тоа е доста честа појава во светот. Не е предизвикана од никаква физичка повреда а се случува во една од двете фази: Hypnagogic и hypnopompic.

Првата е фаза кога парализата се случува пред заспивање, а втората се случува при РЕМ спиењето.​

При заспивање, телото станува длабоко опуштено а умот станува помалку свесен. Сепак, ако се случи ненадејно будење и притоа ви се случи парализа, тогаш умот се префрла во свесна состојба, додека телото е се’ уште опуштено.

За овој факт станувате свесни кога ќе сфатите дека не можете да се придвижите, без разлика колкав напор ќе вложите, па оттука се јавува и паника.

Во РЕМ фазата од спиење кога настанува брзо движење на очите, мускулите се целосно парализирани и не дејствуваат врз вашите соништа. Кога ќе доживеете парализа во оваа фаза, еден дел од мозокот се буди порано.

Сепак, состојбата на будност не се однесува на делот од мозокот кој е поврзан со РЕМ парализата. Значи, тогаш настанува делумна будност без волева контрола на мускулите.​

Кој најмногу страда од парализа во сон?

Една студија спроведена на Државниот Универзитет од Пенсилванија, открива дека околу 8% од населението често доживува парализа во сон. Ова обично им се случува на лица со душевни проблеми како што се депресија и анксиозност.

Исто така, лицата кои доживуваат апнеја во сон, или консумираат одреден тип на лекови, може да имаат чести епизоди на парализа во спиење.

Фактори кои влијаат за појава на парализа во сон:

-Недостаток на спиење

-Чести промени во распоредот на спиење

-Спиење на грб

-Ментални состојби, како стрес или биполарно растројство

-Проблеми со спиењето, како нарколепсија или ноќни грчеви во нозете

-злоупотреба на супстанции

-Одредени видови на лекови, (АДХД)

Третмани:

-Упатување кај експерт за ментално здравје

-Анти-депресиви

-Спроведување на распоред за спиење

-Упат до специјалист за спиење

-Чаеви или алтернативни препарати кои помагаат за мирно спиење

Исто така е препорачливо намалување на консумацијата на алкохол, никотин и кофеин. Држете ги подалеку електронските уреди од вашиот кревет.

Ако сепак ви се случи парализа во спиење и покрај сите преземени мерки, останете мирни и имајте на ум дека таа ќе помине.