Миењето прозори за многумина претставува вистинска мака, а белите траги и дамки кои остануваат после тоа не се воопшто убава глетка. Ако сакате брзо и лесно да исчистите било каква стаклена површина во вашиот дом, употребете ги овие три супер трикови…

1.Користете дестилирана наместо обична вода

Водата главно е „тврда“ и содржи големи количини бигор и минерали кои се одговорни за белите траги кои остануваат на стаклените површини после чистењето. Токму затоа дестилираната вода е подобар избор.

Пред да употребите средство за миење прозори, површината пребришете ја со сунѓер натопен во дестилирана вода.

2.Користете оцет наместо средства за чистење

Акохолната киселина е совршен додаток за салати, но и одличен сојузник во чистењето на станот и миењето на прозорите.

Во сад со распрскувач ставете раствор со алкохолна киселина и вода во однос 50:50. Прозорите добро напраскајте ги па пребришете ги, а ако се многу валкани, постапката повторете ја уште еднаш.

Еве каде ја правите НАЈГОЛЕМАТА грешка при чистење на прозорите:

3.„Магична крпа“ наместо хартија

При миењето прозори и други стаклени површини, најважен е завршниот дел – крпата за сушење, односно гланцање.

Најголемата грешка е бришење на прозорите со хартиени шамивчиња, бидејќи тие зад себе оставаат влакненца кои не сакаме да ги гледаме на чист прозор.

Додека некогаш хартијата од дневните списанија беше изборот број еден, денес оваа работа можете да ја завршите со крпа направена од микровлакна која совршено и лесно ја впива влажноста.

Со крпата можете да ги пребришете остатоците од вода, но и да го исполирате измиениот прозор. Откако стаклото ќе се исуши, со сува „магична“ крпа уште еднаш детално пребришете. На тој начин ќе ги отстраните и најмалите траги од дамки.