65 годишен Македонец е првиот пациент во светски рамки кај кого е направена најновата метода на стентирање за превенција од мозочен удар. Интервенцијата е изведена на Клиниката за Кардиологија од страна на кардиологот Сашко Кедев, со што оваа установа е во рангот на познатите светски кардиолошки центри. Наместо неколку пати да интервенираат, новиот метод според Кедев е три во едно.

-Наместо постапката да се прави три пати, сега имаме големо поедноставување а самиот систем 3 во 1 вклучува врвен стент за каротидната артерија и обезбедува непречена микро-емболична заштита во текот на најранливите фази на постапката, вели др. Сашко Кедев, кардиолог во Клиника за Кардиологија.

За оваа интервенција, според Кедев голема улога имаат и невролозите кои треба да ги посочат пациентите со ризик од мозочен удар.

-Значи кај некои со микро мозочен удар треба да се лоцира кои се и дека се потенцијални кандидати од макро мозочен излив, а со оваа интервенција ризиикот е сведен на минимум, вели Кедев.

Најновата метода на стентирање изведена за прв пат во Македонија е дел од светска студија во која ќе бидат опфатени 100 пациенти. Кардиолошките центри ќе можат да ја применуваат новата интервенција за три години. Во меѓувреме во земјата ќе бидат третирани уште десет селектирани пациенти.

Извор: Вечер