Преубави кифли кои лесно се прават, мора да ги пробате

Потребни состојки:

1 кг брашно +-

1 ½ коцка квасец (свеж)

2 ½ лажички сол

1 лажичка шеќер

200 мл топла вода

200 мл топло млеко

250 мл масло

2 јајца

За премачкување: 1 јајце и малку масло

Ако ставате фил со сирење, намалете ја количината на сол.

Малку путер/маргарин за премачкување на кифличките на самиот крај.

Постапка:

Растворете го квасецот во млеко и вода. Додадете сол, шеќер, масло и јајца па промешајте со додавање на брашното. Замесете тесто и оставете го надојде, прекриено на топло место. Јас го оставам во рерна на 50 степени и тогаш побрзо стасува тестото. Надојденото тесто го размесуваме и го делиме на мали топчиња, со величина на поголем орев. По желба можете да направите и поголеми топчиња.

Секое топче расукајте го и засечете го 5-6 пати но не до крај. Лесно свиткајте во кифличка започнувајќи од несечениот крај, па ќе довиете форма на гасеница. Ова го правиме со сите топчиња кои ги редиме на плех обложен со хартија за печење. Ги оставаме да надојдат.

Надојдените гасеници ги премачкуваме со изматено јајце со малку масло. Ги печеме на 200 степени додека да добијат убава боја, околу 30-40 минути. Пред самиот крај кифличките набрзина ги премачкуваме со путер и ги враќаме во рерна уште 4-5 минути.

Loading...
Претходна статијаВода во колено од повреда – еве како да си помогнете
Следна статијаСашко Кедев, еден од првите доктори во светот кој направи стентирање како превенција од мозочен удар