ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ: Само помешајте оригано, лимон и мед, ќе бидете благодарни на овој рецепт

Зајакнувањето на имунитетот станува приоритет во сезоните на настинка и грип. Силниот имунитет е од клучно значење за тоа дали нашето тело ќе се бо-ри против вирусите и ќе се спротивстави на силните симптоми и долгорочните болести, или дали сепак ќе подлегне на симптомите.




Ако се грижите за вашето здравје, зајакнувањето на имунитетот треба да се гледа како клучно во секојдневниот живот. Имено, силниот имунитет е исклучително важен фактор во животот на секој човек и претставува „лична ар-мија“ која го штити телото од ин-вазија на штет-ни патогени, како што се вируси, бактерии и габи.




Имунитетот го штити телото од инфекција, па дури и од неколку видови на р ак. Затоа добро функционираниот имунолошки систем е важен за непречена интеракција со светот околу вас и одржување на здравјето. Имунолошкиот систем е, како што сугерира неговото име, систем, а не индивидуа. За да функционира правилно, му е потребна рамнотежа и хармонија.




Важно е да ги следите општите упатства за добро здравје, кои се најдобриот чекор што можете да го направите за природно да го одржите вашиот имунолошки систем силен и здрав. Зајакнувањето на имунитетот вклучува три важни фактори – редовна физичка активност, добро расположение и правилна исхрана.




Дознајте детално како да го зајакнете имунитетот на природен начин, што влијае врз подигањето на имунитетот и кои се факторите и храната за имунитет што можат да имаат најдобар ефект врз подобрувањето на имунитетот.

Направете нешто добро за себе: секој ден испијте една шолја чај од оригано. Без разлика дали ќе користите свежа или сува билка, ориганото е популарен лековит зачин кој се користи веќе илјадници години.




Бидејќи ориганото, а особено дивото, е антиоксидативен, антитуморски и антиинфламаторен лек, помага и се користи во лекување на разни болести, особено на оние од инфективна природа.




Најчестиот начин на лекување со оригано е консумација на чај од оваа билка. Чајот од оригано може да се приготви од свежа билка или од сува. Препорака е овој чај да се пие 3 пати дневно. Бидејќи е натиканцероген, се препорачува да се пие по една шолја дневно како превенција од тешки заболувања.




Како се подготвува овој чај: Ставете 1 лажичка оригано на 200 мл зовриена вода. Поклопете го тенџерето што е на рингла и оставете да вари уште 1 минута, па тргнете од рингла и оставете да отстоу уште 15-тина минути.




Потоа процедете го чајот и оставете го целосно да се излади. Исцедете сок од половина лимон и додајте во целосно изладениот чај. Вака подготвениот напиток може да се заслади со 1 лажичка природен мед.




Чајот се пие исклучиво пред оброк, а доколку сакате да ослабете, не треба да додавате мед. Дијабетичари исто така не треба да го пијат чајот со мед, а трудници и доилки воопшто не смеат да консумираат оригано.




Чајот од оригано може да излекува или ублажи: гушење, артритис, кашлица и настинка, дигестивни пречки, б олка во мускули, забоболка, акни, алергии, подуеност, замор, главоболка, б олка во увото, срцеви проблеми, киселини во желудник, инфекции во уринарен тракт и менструални грчеви.

Претходна статијаКИСЕЛЕЊЕ НА ЗЕЛКА ВО КЕСА – БЕЗ НЕПРИЈАТНИ МИРИСИ ВО СТАНОТ: Брзо киселење и без преточување
Следна статијаНародни лекови за безболно отстранување на папиломи – висечки брадавици