Ако имате банани, исечкјате ги на тркалца, потопете ги во смеса за палачинка и испечете ги во тава. За час ќе добиете превкусна слатка закуска која е одлична за сите возрасти. Здрави и вкусни залчиња кои сите ги обожаваат! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, прстофат сол, 40 г шеќер (3 супени лажици), 210 мл млеко, 260 г брашно, 10 г прашок за печиво, 4 банани

ПОСТАПКА: јајцата изматете ги со шеќерот со помош на рачна-жица маталка, па кога шеќерот ќе почне да се растворува, постепено додавајте го млекото и повторно кратко промешајте. Во изедначената смеса додајте просеано брашно и прашок за печиво.

Мешајте додека сето брашно да се впие во течноста и да добиете хомогена, изедначена смеса без грутчиња, со конзистенција на густ јогурт. Смесата за палачинки е спремна. Бананите излупете ги и исечкјате ги на тркалца со дебелина приближно 1.5-2 см.

Секое тркалце боцнете го со виљушка а потоа целосно потопете го во смесата за палачинки. Спуштајте ги со помош на втора виљушка во тава лесно премачкана со масло и загреана на умерена температура.

Печете ги неколку минутки, а кога ќе забележите дека се појавуваат меурчиња, внимателно превртете ги од другата страна и продолжете со печењето додека да заруменат. Не ги превртувајте пред добро да заруменат од едната страна.

Ќе добиете цел куп мини палачинчиња кои се јадат во еден залак. Послужете ги со бобинки, залиени со јаворов сируп или мед, а можете да ги послужите со нутела и шлаг од ванила. Комбинациите се бесконечни.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте го рецептот за амерички палачинки: „Вкусни, меки и брзи за правење: совршени палачинки за појадок или брз десерт“ – ОВДЕ.

Вкусни, меки и брзи за правење: совршени палачинки за појадок или брз десерт