Потребни состојки:
300 г брашно
3 жолчки
малку сол
малку рендана кора
околу 100 мл млеко
20 г квасец
За фил:
100 г путер
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
За прелив:
100 мл млеко
1 лажица шеќер
Постапка:
Од наведените состојки замесете тесто со активиран квасец и оставете да одмори 20 минути.
Развлечете кора со дебелина од 0,5 см (околу 35х35 см), па преку целата површина премачкајте со фил од изматен путер со шеќер + ванилин шеќер.
Свиткајте во ролат и сечете на 4 см долги парчиња.
Редете ги ружичките на намастен плех, да не се допираат. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Пред крајот на печењето, ставете да проврие млеко и шеќер, па уште додека е топло прелијте преку секоја ружичка. Запечете уште малку.
Ружичките се многу убави кога се топли, но исто така, превкусни се и кога ќе изладат.