Воспалението на мускулите на вратот и рамениот појас може да биде многу б олно. Секој пресврт и движење може да предизвика б олка, главоболка, отежнато џвакање или отекување на ткивата во областа на ‘рбетот. Руската народна медицина препорачува билки кои можат да ги релаксираат мускулите и да го извлечат воспалението.

Маст од женшен

За да подготвите маст од женшен, потребни ви се 20 г сол, иста количина сув женшен, 100 г свинска маст. Се подготвува со дробење / мелење на коренот од женшен во прав.

Маста се растопува на водена пареа и се додава правот од женшен и солта. Измешајте сè добро и ставете ја маста да се стврдне во фрижидер. Б олното место се мачка по неколку пати на ден. Може да се завитка и во фолија, за да се добие посилен ефект.

Ловоров лист

Ловоровиот лист има антисептично и аналгетско дејство, па затоа често се користи против б олка во мускулите. Облоги од ловорово масло се подготвуваат со капнување на 10 капки ловорово масло во литар топла вода, па се потопува крпа која се става директно на б олното место. Оставете да делува 15 до 20 минути. Дури и многу интензивната б олка ќе започне да се смирува по 20 минути.

На ист начин можете да направите облога со помош на глогови листови. За разлика од ловоровиот лист, облогата на листот од глог останува на б олното место подолго време, неколку часа. Пожелно е да се прицврсти со волнена ткаенина.

Маст од врба

Потребни ви се пупки од врба и обичен путер во сооднос 1:1. Пупките од врба се кршат или мелат на најситно (иако не е штет.но и со поголеми зрна, но потешко е да се нанесат на кожата). Се меша со путер и лековитата маст е подготвена. Се применува неколку пати на ден.

Тинктури. Билните тинктури се одличен лек за воспаление на мускулите на вратот и нервите. Тие можат да се пијат или да се нанесат како облоги. Тинктурите имаат комплексен ефект врз воспаленото ткиво: антисептичен, аналгетски и топлотен.

Тинктура од јоргован

Потребни се половина литар 70% ал-кохол и 100 г суви јорговански цвеќиња. Јоргованот се става со ал-кохолот и се остава седум дена во стаклена тегла да отстои на темно место на собна температура. По изминатото време, се филтрира / процедува и се користи така што газата се натопува во тинктурата и се става директно на болното место.

Тинктура од кромид

Тинктурата од кромид се подготвува на ист начин. Две големи главици кромид се сечкаат ситно, се мешаат со 70% ал-кохол, се оставаат да отстои 10 дена на собна температура, на темно место и се користат за триење (масажа) или за нанесување облоги.

Кај атрофија на мускулите, следната подготовка на билки се покажа како исклучително одлична, според билкарката Марија Требен. Ситно исечкајте свежо измиена билка овчарско торбиче, наполнете во шише, а потоа прелијте 40% вотка или ракија.

Оставете да отстои на сонце или во близина на друг извор на топлина 10 дена. По 10 дена, процедете и прелијте ја количината потребна за употреба во помало шише и надоместете ја потребната количина на ал-кохол во претходното шише, за да подготвите тинктура за следните 8-10 дена.

Се масираат погодените мускули со оваа билна тинктура трипати на ден. Покрај тоа, потребно е да се пијат 4 чаши чај од вркута, голтка по голтка во текот на целиот ден. Доколку е можно, користете свежи билки.