Постојат многу нешта кои може да предизвикаат проблеми со дишните о ргани, како што се: алергии, астма, ш тетни микроорганизми, па дури и вдишување на различни загадувачи.

Најчестите симптоми и знаци кои предупредуваат на респираторни проблеми се: застој во г радите, отежнато д ишење и иритирани назални патишта итн. Ако сте ги искусиле овие знаци, тогаш познато ви е колку тие можат да бидат вознемирувачки.

Ориганото е моќна билка која може многу да помогне за здравјето на белите дробови. Ефикасно, сигурно и безбедно, органското оригано е природно богато со карвакрол, флавоноиди и терпени, од кои сите се природни деконгестиви и антихистаминици.

Кога поленот, прашината, мувлата, хемикалиите, габичките и бактериите ќе започнат со „освој ување“ на вашиот организам, се ослободува една хемикалија наречена хистамин. Оваа хемикалија обично предизвикува реакција слична на алергиските реакции – назална конгестија, зголемено производство на мукоза и кивање.

Некои од билките содржат соединенија кои може да го намалат хистаминот, а најдобра меѓу нив, за намалување на ваквите реакции е – ориганото.

Ориганото исто така содржи росмаринична киселина. Според една неодамнешна студија, истражувачите откриле дека росмариничната киселина ги намалува израстоците, па дури и отоците во текот на алергискиот на пад, со што ова растение го прави природен хистамин – редуктор.

Ориганото ја намалува кашлицата и го подобрува општото здравје. Ориганото има директно, позитивно дејство врз респираторниот тракт. Меѓутоа, мора да се спомене дека ориганото исто така, содржи и големи количини на други здрави хранливи материи, како што се: калциум, магнезиум, цинк, железо, калиум, витамини А и Ц, и ниацин.

Иако овие здрави хранливи материи и витамини не влијаат директно врз горните респираторни проблеми, сите тие поволно делуваат врз сите останати системи во телото, вклучувајќи го и имунолошкиот систем.

Соодветна доза на витамини и минерали е од најголемо значење за одржување на здравото тело кое може да се избори со надворешни проблеми, па и со горните респираторни проблеми, пред тие да започнат.

Ориганото може да се кон.сумира на различни начини. Можете да го кон.сумирате ориганото како билка во кулинарски намени, тинктура, чај или есенцијално масло. Може да се кон.сумира разредено масло од оригано за побрзо закрепнување во време на болест.

Измешајте масло од оригано со малку кокосово масло и користете го за лекување на инфекции на кожата. Може да се кон.сумира разредено масло од оригано како помош при алергии.

Маслото од оригано може да се разреди во маслиново масло и да се нанесува при б олки во мускулите и зглобовите. Можете исто така да го комбинирате со други сушени билки како босилек, рузмарин и мајчина душица. Од оваа мешавина можете да направите прекрасен инхалатор за намалување на кашлицата.

Разреденото масло од оригано може да се користи за лекување на габични инфекции. Маслото од оригано е исто така многу ефикасно за отстранување на брадавици, кога се користи разредено на кожата.

Чајот можете да го приготвите од свежи или суви листови од оригано. Потребни состојки: 1 ½ лажичка оригано, 1 – 2 лажици мед, 1 шолја вода.

Постапка: Нека зоврие водата, па прелијте го ориганото и добро промешајте. Оставете да отстои околу 5 минути поклопено, процедете и кога малку ќе излади засладете со мед.

Освен што го јакне имунитетот, ориганото го подига нивото на енергија, штити од дијабетес, ги јакне кос.ките, поттикнува детоксикација на организмот и го чува здравјето на срцето. Чајот од оригано има антиканцерогени својства, ја ублажува кашлицата, астмата и грипот, делува како природен аналгетик.