Тегавецот е едно од најразновидните и достапни лековити растенија. Женскиот тегавец и машкиот имаат речиси ист ефект на лекување кој е познат илјадници години. Тие биле користени од древни лекари, а во средновековните книги за лековити билки, ова високо ценето растение било препорачано за дури 24 различни болести.

И двата вида тегавец се користат во народната медицина за лекување на проблеми со кожата како чешање и испу-каност на кожата, исе-ченици или други површни по-вреди, кас-нувања од инсекти или воспаление на очите.




При внатрешна употреба, тегавецот делува како благ експекторанс, а слузта што ја содржи го олеснува воспалението на слузокожата, па затоа е одличен лек за кашлица и бронхитис. Исто така, може да ја олесни состојбата на астма, воспалението на слузокожата на респираторниот тракт, ларингитис, фарингитис и разни алергиски реакции кои предизвикуваат п роблеми со дишењето.




Меѓу другото, се чини дека тегавецот има антибактериски својства, бидејќи неодамнешните истражувања покажуваат дека екстрактот успешно делува кај белодробни инфекции. Поради танините делува адстрингентно, а поради слузта го олеснува воспалението.

Во народната медицина, се користи за лекување на ра-ни, често во мешавина со камилица, за плакнење или внатрешна употреба. Лисјата и сокот спречуваат оток и чешање од кас-нување од инсекти. Лисјата од тегавец се ставаат во обувки за да ги смират плускавците предизвикани од незгодните чевли.




Свежиот сок од тегавец се препорачува и за пролетен замор, за чистење на кр-вта и стимулирање на метаболизмот. Благодарение на големата количина на калиум, тој има и диуретично дејство.

Млади и нежни пролетни листови од машки тегавец, собрани во март и април, може да се користат за подготовка на супа, мешани салати или варива како спанаќ. Со готвење, лисјата добиваат пријатен, малку ароматичен мирис. Горчливиот вкус може да се отстрани со потопување на исечканите лисја во млака вода 30 минути.




Машкиот тегавец може да послужи како здрава пролетна намирница. Се јадат младите лисја, собрани пред расцветување на цвеќето, од март до јуни. Најдобро е да ги мешате со друг лиснат зеленчук.

Против камен во жолчка: Семето на тегавец се користи и за уни.штување на паразити. Се препорачува како лаксатив, особено за деца и за воспаленија на мукозната мембрана. Консумирање на 8 г семе на ден спречува формирање камен во жолчката.




Свеж сок од тегавец: Потребни ви се 500 г свежи лисја тегавец. Сокот најлесно се подготвува во соковник или добро се блендира и се цеди низ газа. Пијте лажица сок измешан со половина лажица топла вода неколку пати на ден. Се зема на пролет за чистење и стимулирање на метаболизмот, а корисен е и против белодробни заболувања, дури и туберкулоза.

Против грип: Измешајте 30 г лисја од тегавец, 30 г игли од смрека, 20 г лисја од подбел. За чај, истурете две лажички од смесата со 250 мл топла вода и оставете да стои десет минути. Засладете со мед по желба.




Инфекции на заби и непца: Тегавецот е одличен за брзо заздравување на ра-ните на лицето и устата. Го спречува развивањето на бактериите и промовира заздравување. Изџваканите лисја од тегавец ја одржуваат хигиената на усната шуплина.




Брз сируп: Потребни ви се 4 грста свеж тегавец и 250 г мед. Соединете ги состојките и додајте малку вода и мед и полека загревајте до слабо вриење. Постојано мешајте додека да добиете густ сируп. Истурете го топлиот сируп во тегли и чувајте го во фрижидер. За кашлање и бронхитис, консумирајте една лажица неколку пати на ден.




Чај од тегавец: Зовријте 300 мл вода и додајте неколку лисја тегавец. Оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Консумирајте две – три чаши на ден. Чајот има пријатен мирис и вкус, затоа е погоден и за деца.

Чај против сериозни болести: Чајот, се разбира, не е само за сериозно болни пациенти, туку може да се пие и превентивно. За да го подготвите, измешајте лист од бреза, ајдучка трева, тегавец и лист од коприва.




Чајот се подготвува така што една лажица од мешавината ќе се потопи во 200 мл зовриена вода и ќе се остави да отстои два часа. Потоа процедете и подготвен е чајот за кон.сумирање. Смесата чувајте ја во стаклена тегла.




Рецепт за зајакнување на имунитетот од мед и лисја од тегавец. Потребни состојки: 500 г мед, 300 г свежи лисја од тегавец.

Подготовка: Во 500 г домашен мед, ставете 300 г свежи листови тегавец, претходно измиени, исушени и сомелени. Консумирајте една супена лажица од овој лек половина час пред секој оброк. За кратко време ќе забележите дека имате многу повеќе енергија.