Рецепт за прочуениот чистач на крвта: Смеса од 2 состојки ги измива маснотиите од крвните садови

Бидејќи во последно време на нашата страница добиваме многу прашања во врска со начини за елиминација на мастите во крвта, одлучивме да го објавиме овој едноставен, а ефикасен рецепт кој малку го подзаборавивме.

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостиг на физичка активност, ова е болест на денешницата.

Некогаш кај зголемените масти можеа да се забележат мали жолти масни ткива во облик на јазли и точки на горните очни капаци или на други делови од телото. За жал, на почетокот од заболувањето нема други симптоми.

Како доаѓа до напредување на болеста, така доаѓа и до задебелување на ѕидовите од крвните садови, атеросклероза, што пак придонесува заедно со другите ризик фактори (пушење, алкохолизам, никотин) до појава на цереброваскуларни заболувања, водечка причина за смрт како во светот, така и кај нас.

Единствен начин за дијагностицирање на заболувањето е преку лабораториски испитувања. Доколку имате наоди кои укажуваат на ова заболување, тогаш обидете се со овој природен лек кој на многумина им има помогнато.

Потребни состојки:

-Суви смокви
-Домашна јаболкова киселина

Постапка:

Лекот секогаш се пригптвува навечер, за да можете да го испиете наутро. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклена тегла. Прелијте ги со 200 мл јаболкова киселина.

Ако сте ги закиселиле во 20 часот навечер, изедете ги наутро во 8 часот. Остатокот од оцетот на го фрлајте, туку во истата киселина повторно ставете три избоцкани суви смокви.

Истиот оцет користете го 7 дена, а поголемиот дел ќе биде впиен од смоквите кои се киселат во текот на 12 часа. Осмиот ден употребете нови 200 мл јаболкова киселина и постапката повторете ја уште една седмица.

Значи, третманот трае 14 дена. Покрај овој рецепт, придржувајте се и на здрав начин на исхрана и зголемете ја физичката активност.

Откако ќе заврши терапијата од половина месец, направете повторно нови анализи и уверете се во ефикасноста на овој природен лек.

Претходна статијаСупер брза плазма-овошна торта, многу брзо се прави, личи на капри сладолед, а вкусот е незаборавен
Следна статијаСекоја вечер пред спиење потопете ги нозете во вода: Не сте ни свесни колку ќе го спасите здравјето