Колку и да ви звучи чудно, овој метод го препорачува доктор, специјалист по кинезитерапија, д-р Сергеј Бубновски.

Според овој светски познат и признат експерт од областа на кинезитерапијата од Москва, имунитетот кој е клучен за нашето здравје може да се јакне со една многу едноставна пракса кој секој може да ја спроведе.

Сè што треба да направите е да ги држите своите стапала во ладна вода, секој ден кога ќе се вратите од работа. Оваа постапка неверојатно ќе ги опушти вашите стапала после напорниот ден на работа и ќе направи чудо за вашиот имун систем.

Докторот нагласува дека клучот на овој метод е да се користи ладна вода. Не топла, не млака, само ладна вода. Водата треба да биде доволно ладна така што на почетокот кога ќе ги ставите стапалата внатре, ќе почувствувате непријатност.

Веднаш, уште на самиот почеткот ќе се случи вазоконстрикција, ќе се стеснат крвните садови и ќе се намали циркулацијата на крвта. Но откако ќе се постигне оваа состојба, следниот ефект е токму оној кој му дава сила на телото, а вие ќе го почувствувате како топло и пријатно струење низ нозете.

Значи, кога ќе се вратите дома, наполнете леген со ладна вода (колку поладна, толку подобро), па ставете ги стапалата во неа 5-10-15 минути, во зависност од тоа колку можете да издржите. Веднаш потоа ставете ги во леген со жешка вода или избришете ги и облечете затоплени волнени чорапи.

Ќе дојде до вазодилатација и веднаш ќе почувствувате како започнува пријатна топлина да струи низ вашето тело. Ова треба да се повторува секоја вечер за да се постигне ефект на силен имунитет.

Овој метод исто така, се користи и во случај на настинка, кога постапката треба да се повторува неколку пати дневно, а не само еднаш. Настинката многу брзо ќе помине а вие ќе се чувствувате како препородени.

Доктор Сергеј вели дека не треба да бидете загрижени поради студената вода, зошто многумина мислат дека на тој начин ќе се разболат. Тој гарантира дека овој метод ќе ви користи и нема да ви наштети на било кој начин.