Рецепт за полнет леб со сирење и оригано, мек и навистина превкусен…Јас секогаш го сакам го топол и никогаш не дочекувам да излади целосно…Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г брашно (може бело или мешано)
1 лажица инстант квасец или половина свеж квасец
½ лажичка сол
1 прстофат шеќер
1 лажица масло
млака вода по потреба

За фил:

200 г фета сирење
3 лажици маслиново масло + 1 лажица за намастување на тепсијата
1 лажица оригано или мајчина душичка

за премачкување:

1 жолчка
3-4 лажици сусам

постапка:

Од состојките замаесте тесто, многу едноставно, исто како тесто за пива (во брашното сипете ги сите состојки и промешајте, па со постепено додавање на млаката вода замесете меко тесто кое не се лепи.

Тестото формирајте го во топка, намастете го и покријте го со обична кеса и оставете го да ферментира 30-45 минути додека да го удвои волуменот.

За тоа време подгответе го филот, иситнете го фета сирењето.

Тестото ставете го на набрашнета работна површина. Без да го премесувате, малку со рацете обликувајте го и развлечете го прво со оклагија, а подоцна можете и малку со рака, да добиете тенка кора, но не претенка.

Кората добро намастете ја со маслиново масло или путер и посипете оригано (по желба), па потоа фета сирење. На едниот дел (кон себе) со прстите направете дупка до средина на кругот, а потоа со двете раце виткајте ја кората во голем колбас.

Или виткајте ролат, но не премногу дебел…

Кога ќе дојдете до крајот од виткањето, ролатот лесно со рацете раширете го за да се издолжи повеќе.

Во тркалезна керамичка тепсија за печење која претходно сте ја намастиле, ставете го тестото како полжав, внимавајќи да не се спојуваат краевите.

Покријте и оставете на топло место да ферментира околу половина час. За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

Удвоениот полжав премачкајте го со жолчка и посипете го со сусам. Печете го околу 35 минути или додека почне да се одвојува од тепсијата. Ако сакате на дното можете да ставите хартија за печење.