БАКЛАВА – Рецепт на свекрва ми. Традиционална баклава која се топи во уста! Баклава богата и вкусна.

Баклавата, кралица на шербетните колачи, се подготвува за празници и специјални пригоди. Со детален рецепт лесно можете да направите баклава. Потребни состојки за тепсија од 38 см:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

750 г кори за баклава
800 г ореви
5 лажици шеќер

За премачкување:
300 г путер

За шербет:

1 кг шеќер
1.200 мл вода
4 крукчиња од лимон

ПОСТАПКА:

Најпрво подгответе ги оревите, половина ситно исечкјате ги, а половината измелете ги. Во оревите додајте 5 лажици шеќер и измешајте. Растопете го путерот во посебен сад (на ниска температура или во микробранова, но не смее да зоврие)..

Ставете го сирупот од вода и шеќер да се готви. Гответе 15 минути на средна температура од моментот кога ќе зоврие. Кон крајот на готвењето, додајте крукчиња од лимон и варете околу 3 минути.

Исечете ги корите според обликот на тепсијата во која ќе ја печете баклавата. Најпрво наредете 4 кори, а секој лист премачкајте го со путер.

На четвртата премачкана кора распоредете дел од смесата со ореви, колку да ја покрие целатаповршина.

Внимавајте смесата да остане до крајот, па приближно распоредувајте го филот. Редете наизменично кори и фил, а секоја кора премачкувајте ја со путер и сè вака додека да го потрошите сиот материјал.

На крај оставете 4 листови Наредете ги последните три кори само премачкани со путер, без фил, па исечете ја баклавата на ромбови или по желба и премачкјате ја со путер или масло.

Четвртата кора тргнете ја настрана, ќе ви биде потребна подоцна, откако ќе ја исечете баклавата. Тогаш прекријте ја со последната кора и премачкјате ја и неа, може со масло.

Баклавата е подготвена за печење. Се пече во загреана рерна вкупно 90 минути. Печете на 200 степени првите 10 минути, а потоа намалете на 150 степени и печете уште 80 минути.

Извадете ја баклавата од рерна и извадете ја горната кора. Топлата баклава од рерна залијте ја со ладен шербет.

Постепено залевајте, прво натопете ја баклавата добро до врвот и почекајте неколку минути да го впие сирупот, па повторно додадете малку шербет и почекајте да се впие, и сè така додека целата да се потопи.

Баклавата може долго да стои во фрижидер, колку подолго останува сè подобра и подобра станува, ако може да се сочува, а да не се изјаде брзо, што е многу тешко, бидејќи е многу вкусна и никој не може д и одолее. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ.