Прекрасен сос за шпагети. Потребни состојки: 500 г шпагети, 200 г сланина или шунка, 700 мл млеко, 6 лажици брашно, 100 г кашкавал, 1 лажичка сол, 1 лажичка сув зачин (вегета), босилек, оригано, тимјан…по вкус зачини и 1 чаша кисела павлака

Постапка: Во зовриена вода ставете малку сол и малку масло, па ставете ги шпагетите. Ако сакате да бидат малку потврдо „ал денте“ и да се почувствуваат зад заби, тогаш веднаш исклучете го огнот и почекајте 8 минути.

Доколку ги сакате помеки, тогаш гответе малку подолго и пробувајте почесто за посакуваната мекост. Потоа процедете ги, но не ги испирајте со вода туку додадете им малку маслиново масло и промешајте ги за да не се залепат.

Сланината ситно исечкајте ја и ставете ја во тенџере да се пржи. Долејте 600 мл млеко а во остатокот разматете брашно. Во сланината и млекото додадете ги зачините и промешајте.

Кога ќе зоврие тргнете од оган и полека дотурајте го брашното со млеко, за цело време мешајќи додека да згусне. Кога сосот ќе згусне изрендајте кашкавал и промешајте, а потоа додадете кисела павлака и повторно промешајте.