Најважната е превенцијата, а доколку рано се открие, овој опасен тип на канцер може да се излекува. Ракот на грлото на матката главно нема симптоми во ран стадиум, па затоа е важно редовно да одите на гинеколошки прегледи.

Иако нема јасни симптоми, телото испраќа поедини сигнали со кои предупредува дека во него се развива опасен тумор. Меѓутоа, овие симптоми жените најчесто ги игнорираат сметајќи ги за неважни состојби, а токму таквиот став може да ги чини живот.

Симптомите кои главно укажуваат на рак на грлото на матката се:

-вагинално крвавење и после престанокот на циклусот

-болки во стомакот

-неможност за „воздржување“, односно често уринирање

-појава на крв во урина

-болки во коски

-болки во долниот дел од грбот

-отекување на нозете

-губиток на апетит

-нагло слабеење

-нервоза

-чувство на поспаност

-промени во столицата

-промени во урината

Најважниот вид на превенција од рак на грлото на матката е редовен гинеколошки пеглед, а во повеќето слуачи ако се открие навремено, тој е излечлив.