Селска лисната погача – прсти да излижеш! Толку мека и вкусна, се топи во уста

Толку е мека и вкусна што се топи во уста.

Потребни состојки:

1 кг брашно
500 мл млеко
3 јајца
250 г путер
100 мл масло
1 коцка квасец
1 лажица сол
1 лажица шеќер
400 г тврдо сирење

Постапка:

Замесете тесто од лажица сол, лажица шеќер, активиран квасец, две цели јајца и една белка, масло и топло млеко. Замесете средно тврдо тесто и оставете да се одмори десет минути.

Потоа поделете го на 24 топчиња.

Земете едно топче и развлечете го во коричка со величина на мала чинија и премачкајте ја со омекнатиот путер. Потоа наросете ситно издробено сирење.

Продолжете ја постапката и со останатите топчиња.

Последната коричка кога ќе ја ставете не ја премачкувате.

Од сите наредени корички развлечете една голема кора и ставете ја во намастена тепсија бр. 36 и исечете на коцки. Одозгора премачкајте ја со изматена жолчка (може и 1-2 лажици млеко, но не мора). Оставете половина час да одмори тестото и да надојде.

Печете во загреана рерна на 250 степени првите 10 минути, а потоа намалете на 200 и допечете ја погачата.

Готовата погача оставете малку да одмори па послужете ја исечена на коцки.

Претходна статијаПрвите симптоми на РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА: важно е навременото откривање!
Следна статијаТегавец: лекува белодробни болести, чир на желудник, рани на кожа, повреди, бубрези, ја чисти крвта…