Лесна и вкусна вечера набрзина

Потребни состојки:

Loading...

250 г остро брашно

120 г путер/маргарин

2 јајца

1 прстофат сол

1,5 лажичка прашок за печиво

За фил:

3 јајца

1 китка млад кромид

150 г сечкана шунка

40 г пармезан

1 чашка кисела павлака

3 коцки фета сирење (мали калапчиња)

3-4 кисели краставички

Малку црн пипер

Постапка:

Од наведените состојки замесете меко тесто. Оставете го во фрижидер да „одлежи“ половина час.

Зелениот дел од кромитчињата исечкајте ги ситно, киселите краставички и шунката исечкајте ги на коцкички, па потоа соединете со киселата павлака, јајцата, пармезанот, здробеното  фета сирење и црниот пипер.

Тестото развлечете го и обложете го долниот дел од калапот за пити, потоа истурете го филот и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-45 мин (во зависност од рерната). Можете да послужете со зелена салата доколку сакате.

Loading...