Проверен рецепт за ЧУДО ТОРТА од ореви и чоколадо…Секогаш излегува совршено! Еднаш пробајте ја, ќе ја правите често…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
4 јајца
250 г шеќер
12 лажици вода
50 г чоколадо за готвење
240 г обично брашно
120 г мелени ореви
1 лажица црно кафе
1 прашок за печиво

Крем:
5 јајца
7 лажици шеќер
120 г чоколадо за готвење
250 г путер

Декорација:
мелени ореви
половинки од ореви

ПОСТАПКА:

Одвојте ги белките од 4 јајца, па изматете ги сио миксер во цврст снег. Во посебен сад жолчките изматете ги со 250 г шеќер додека тој да се растопи и да добиете кремаста смеса. Во смесата од жолчки додајте 12 лажици вода (ладна) и кратко измиксајте.

На тивок оган растопете 50 г чоколадо за готвење, па кога ќе се излади (да биде барем млако), додајте го во смесата со жолчки. Повторно изматете за да се соедини.

Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: 240 г меко брашно, 120 г мелени ореви, 1 лажица црно кафе и 1 кесичка прашок за печиво. Оваа мешавина на неколку наврати додавајте ја во смесата од жолчки и чоколадо.

После секое додавање добро измиксајте за да се изедначи и да нема грутчиња.

На крај додајте го снегот од белки, но овојпат мешајте рачно (без миксер), за да добие пенлива структура.

Калапот за торти (26 см) намастете го и посипете го со брашно, а вишокот истресете го. Излејте ја приготвената смеса за бисквит, израмнете, потчукнете и протресете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 35 минути.

Печениот бисквит извадете го и оставете го да се олади, а за тоа време пригответе го филот.

ЗА ФИЛ: јајцата кратко изматете ги, додајте 7 лажици шеќер и повторно измешајте. Садот поставете го врз тенџере во кое врие вода. Додајте 120 г чоколадо за готвење искршено на коцки, па мешајте и гответе додека смесата да згусне.

За оваа постапка потребни се половина час. Ова е еден од најстарите начини за приготвување на домашен крем од јајца, но затоа е и највкусен. Кремот не е цврст, туку полутечен. После половина час тргнете го од оган и оставете да се олади на собна температура.

Пенасто изматете 250 г путер претходно омекнат на собна температура. Потоа започнете постепено да го додавате оладениот крем (мора да се на иста собна температура за убаво да се соединат).

Печениот и оладен бисквит исечете го на три дела, да добиете три тенки кори. Поставете ја првата кора врз десертна чинија и премачкајте ја со третина фил.

Преклопете со вториот бисквит, премачкјате фил, па третата кора и завршете со последната третина фил.

Одозгора декорирајте со мелени ореви. Пред послужување тортата треба да се олади минимум 4 часа во фрижидер, а најдобро преку цела ноќ. Целата постапка погледнете ја ОВДЕ.