Природна мешавина за регулирање на мастите во крвта – за еден месец ќе имате нормална крвна слика

Еден од честите проблеми со кој се повеќе луѓе се соочуваат, се зголемените масти во крвта, холестеролот и триглицеридите.

Мастите е најдобро долгорочно да се третираат со промена на исхраната. Овде нема да ви пишуваме за исхраната, бидејќи повеќето луѓе кои го имаат овој проблем, главно се запознати кој вид на храна треба да ја одбегнуваат а која да ја јадат повеќе за долгорочно да ги регулираат мастите.

Нашата цел е да ве запознаеме со еден ефикасен и последниве години доста застапен лек за регулирање на мастите во крвта. Лекот се составен исклучиво од здрави природни состојки.

Loading...

Мешавина е испробана од многумина, а состојките можат да се набават во речиси секоја продавница. Предноста на оваа мешавина е во тоа што освен што ги регулира мастите, исто така помага во третирање на низа други проблеми кај луѓето, бидејќи станува збор за многу здрави и корисни состојки помешани во една смеса.

Потребни состојки:

200 г ленено семе
100 г семки од тиква
100 г суса,
100 г семки од сончоглед
1 супена лажица цимет
домашна јаболкова киселина

Постапка:

Сите семки треба да бидат сирови со убав свеж мирис. Заедно се мелат, па се додава циметот и убаво се промешува за да се изедначи.

Употреба: Секое утро се консумира по 1-2 лажици од смесата, се прелива со чаша млака вода, па се додава 1 супена лажица јаболкова киселина.

Смесата добро се промешува и се остава 5-10 минути. Потоа повторно добро се промешува и се пие. Консумирањето треба да трае најмалку 4 седмици или подолго, во зависност од тоа колку биле високи вредностите. После 5-6 седмици направете повторно лабораториска анализа, би требало резултатите да покажат значително намалување на мастите во крвта.

Со консумирањето на оваа мешавина ќе ползувате многубројни бенефити. Освен регулирањето на мастите ќе дојде до подобрување на целиот имун систем, ќе се поправи комплетната крвна слика и телото ќе добие повеќе корисни минерали кои му се потребни за правилно функционирање.

Особено важен аспект од користењето е чистењето на дигестивниот тракт и цревата. Во смесата можете да додадете и по 100 грама бадеми, ореви и суво грозје. За самите масти тие не се неопходни, но ќе ги засилат ефектите за јакнење на имунолошкиот систем и крвта. Споделете го овој рецепт со своите пријатели на кои можеби им е потребен.

Loading...