Во македонската кујна компирот е еден од најзастапените намирници и се приготвува на најразлични начини.

Некои го сакаат пржен, некои печен, некои варен или како пире, како мусака или во комбинација со зеленчук… Списокот оди во недоглед. Затоа го купуваме во големи количини, бидејќи по правило има долг рок на траење, без да из’рти доколку се чува соодветно. Познато е дека из’ртениот компир не е добар, ниту вкусен за јадење.

Колку што вкусот на јадењето зависи од начинот на приготвување, толку истото зависи и од вкусот на компирот.

Највкусен е младиот компир, но и постариот ако е добро сочуван. Доколку кората почнува да добива зелена боја од изложување на сончева светлина, или пак, започне да ‘рти, тогаш во голема мера губи од квалитетот и вкусот.

Дали некогаш ви се случило, набрзо по купувањето компирот да ви и’рти? И тогаш се прашувате каде грешите и како другите го чуваат во свежа состојба подолго време.

Еве што треба да ставите во кесата со компирот за да не ви се случи тоа. Овој трик ни го откри долгогодишен одгледувач на компири.

Сè што треба да направите е во кесата или вреќата или гајбата во која ви стои компирот да ставите и едно јаболко. Според зборовите на овој човек, компирот ќе ви остане совршен.

Дополнителни совети: Компирот е најдобро да се чува на суво, темно и ладно место.