Без диета ќе ослабете 5 кг и ќе добиете рамен стомак, ако секој ден го јадете овој појадок

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, бидејќи во себе содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, косата, го нормализираат метаболизмот и го јакнат организмот.

Овој секојдневен појадок ќе ви помогне да се ослободите од сите заостанати нечистотии во организмот кој го блокираат и го спречуваат нормалното функционирање.

Ќе започне радикално чистење на цревата, особено го решава проблемот со мрзливи црева и опстипација. Го засилува процесот на согорување на масното ткиво и на тој начин ја нормализира телесната тежина.

После еден месец консумирање на овој појадок, без држење на никаква диета (се разбира без претерување во исхраната), со голема леснотија ќе ослабете 3-5 килограми кои не се враќаат. Најголема промена се забележува во стомакот, односно тој се издушува како дупнат балон и се израмнува.

Тенот на кожата, косата и ноктите ќе станат поздрави и поубави, а стомакот како што кажавме претходно, полека ќе се “истопи”.

Потребни состојки:

300 мл кефир (или немасен јогурт)
2 супени лажици овесни снегулки
1 лажичка мелено ленено семе
1 лажичка какао во прав
5-7 суви сливи

Постапка:

Појадокот се приготвува навечер за следниот ден. Прелијте ги сливите со 100 мл врела вода. Поклопете и оставете 5-10 минути. За тоа време во чинијата ставете овесни снегулки, мелено ленено семе и какао. Прелијте со кефир и добро промешајте.

Набубрените сливи ситно исечкајте ги ( може и во блендер како пире, во сечко или рачно) и додадете ги претходната смеса.

Добро промешајте и оставете во фрижидер. Наутро извадете го појадокот од фрижидер, оставете го малку на собна температура и уживајте во здравото и вкусно јадење.

Резултатите брзо ќе бидат видливи, а првите денови можно е да имате “интересни” чувства во стомакот, но тоа ќе помине. Вашиот дигестивен тракт ќе започне да работи како часовник.

Претходна статијаМојата борба со канцерот започна кога имав 13 години, денес сум доктор и им помагам на илјадници луѓе
Следна статијаПриродна мешавина за регулирање на мастите во крвта – за еден месец ќе имате нормална крвна слика