Срцевиот мускул има комплексна структура. Тој е силен мускул, а сепак е многу чувствителен. Без здрав кардиоваскуларен систем, нашето тело не може да ги добие сите потребни хранливи материи или да ги филтрира штетните материи.

Кога срцевиот мускул ќе ослаби, циркулацијата се влошува поради различни фактори. Ова предизвикува срцеви заболувања и болести кои влијаат на кр-вните садови и го попречуваат правилниот проток на к-рв.

Грижата за кардиоваскуларниот систем е важна доколку сакате да живеете здрав и долг живот. Живееме во ера кога срцевите заболувања можат успешно да се излечат, а за тоа може да се користат природни лекови подготвени дома.

Најдобар начин за зајакнување на срцевиот мускул и кр-вните садови, покрај промената на исхраната и животните навики, е да користите билки. Факт е дека најдобрите и најефикасните лекови доаѓаат од природата, затоа треба да користите сè што ви дава за да се чувствувате подобро.

Околу 30% кај срцевите заболувања не се забележуваат знаци додека да настане компликација. Болката во градите е најчестиот знак дека вашето срце не е здраво.

Пациентите често се жалат на гадење, прекумерно потење и хроничен замор. Третман на кардиоваскуларни болести обично се изведува со лекови, но таквата терапија може лесно да се комбинира со третмани од природно потекло.

Природни лекови зајакнување на срцето и кр-вните садови

Маслинови листови за срце

Спречува формирање на плаки во внатрешноста на кр-вните садови. Успешно го намалува високиот кр-вен притисок. Консумирањето на плодот, лисјата или маслиновото масло го намалуваат ризикот од срцеви проблеми.

Зовријте 1 литар вода. Во таа вода додајте 20 маслинови ливчиња. Намалете ја температурата малку и оставете да се готви чајот уште 15 минути. Процедете и пијте една или две чаши на ден.

Цвеклото го зајакнува срцевиот мускул

Цвеклото изобилува со антиоксиданси и го подобрува протокот на к-рв низ кр-вните садови. Нитратите, кои исто така се содржат во цвеклото, спречуваат развој на срцеви заболувања.

Во соковник ставете цвекло, јаболко, морков и половина портокал. Изблендирајте го овошјето, а доколку сокот е многу густ, разредете го со вода. Додајте сок од половина лимон и измешајте сè добро. Пијте една чаша на ден.

Глог за зајакнување на срцето и кр-вните садови

Се смета за еден од најлековитите растенија во нашата земја, а се користи главно за зајакнување на кардиоваскуларниот систем. Помага при одржување на правилно функционирање на срцето кај постарите лица.

Во коцка шеќер ставете 15 капки тинктура од глог (20 г цветови и лисја на 100 г ал-кохол). Консумирајте го ова трипати на ден пред оброк. Повеќе за тинктурата од глог прочитајте ОВДЕ.

Лукот е природен лек за зајакнување на срцето и кр-вните садови

Го намалува кр-вниот притисок и холестеролот, спречувајќи формирање на плаки и затнување на кр-вните садови. Го намалува ризикот од срцев у дар и оштетување на срцевиот мускул.

Консумирајте само свеж лук, бидејќи лукот во прав нема лековито дејство. Изгмечете или ситно исечете едно чешне лук. Измешајте го во чаша вода и испијте го. Вака приготвен напиток пијте секое утро, на празен стомак.

Маточина

Лечи ноќни отчукувања на срцето и го зајакнува срцевиот мускул. Ги проширува периферните кр-вни садови и ја подобрува циркулацијата. Го намалува високиот кр-вен притисок.

Измешајте листови од маточина, рендана кора од лимон и кора од портокал, а потоа додајте 1 лажица од мешавината во 200 мл вода. Поклопете и оставете да отстои 3 часа. Процедете и пијте една чаша од напитокот секоја вечер после вечера.

Гинко билоба за зајакнување на срцето

Флавоноидите и терпеноидите се двете најважни групи компоненти во гинкото кои се важни за одржување на здрав кардиоваскуларен систем. После консумирање на гинко, срцевиот мускул е зајакнат и заштитен од какво било оштетување. Протокот на к-рв се подобрува.

Ставете пет исушени ливчиња од гинко билоба во чаша со 200 мл зовриена, врела вода. Поклопете ја чашата и оставете да отстои 10 минути пред консумирање. Пијте го овој чај секое утро.

Магдонос

Ова растение содржи витамин Б12, што е важно за формирање на црвени кр-вни клетки. Поволно делува на циркулацијата и лечи срцеви проблеми.

Зелен чај за правилно функционирање на срцето

Одржува правилна функција на срцевиот мускул. Ја подобрува функцијата на ендотелните клетки, без кои кр-вните садови не би можеле да функционираат нормално.

зелен чај

Истурете една лажичка суви лист зелен чај во 200 мл зовриена и малку изладена вода. Оставете поклопено 2 минути или 5 ако претпочитате посилен вкус. Потоа процедете и пијте го чајот незасладен. Се препорачува една чаша чај дневно за срце.

Ленено семе за спречување на срцеви заболувања

Богато е со омега – 3 масни киселини, кои се многу важни за одржување на здравјето на целиот кардиоваскуларен систем. Има превентивно влијание врз болестите на срцето и кр-вните садови.

Го намалува ризикот од тумори и го регулира холестеролот во кр-вта. Измешајте и јадете една лажичка мелено ленено семе во комбинација со мед секој ден.

Црвената пиперка го зајакнува срцето

Го зајакнува срцето и ја подобрува циркулацијата. Кр-вниот притисок се враќа во нормала, без разлика дали е превисок или пренизок. Го намалува нивото на лош холестерол и триглицериди.

Исечете половина свежа пиперка и изблендирајте ја. Измешајте со малку ѓумбир и мед, а потоа смесата ставете ја во чаша со топла вода. Пијте по една доза од овој природен лек секој ден.

Влијанието на исхраната врз подобрувањето на работата на кардиоваскуларниот систем

Фокусирајте се на изворите на хранливи материи кои изобилуваат со калиум. Познато е дека авокадото, бананата и спанаќот се богати со овој минерал. Елиминирајте ги соковите кои се полни со шеќер.

Задолжителен елемент во исхраната на секоја личност која сака да го лекува или зајакне срцето и кр-вните садови е рибата, а тоа значи дека треба да консумирате свежа риба богата со омега – 3 масни киселини.

Омега – 3 масните киселини го подобруваат протокот на к-рв и го подобрува ритамот на срцето. Користете здрави масла, како што се маслиново, кокосово во подготовка на оброците.

Пијте многу вода. Избегнувајте храна што содржи висок процент на натриум, како што е преработената храна.

Се разбира, кујнската сол содржи натриум, па затоа треба да ги солите јадењата што е можно помалку. Премногу зготвената храна е поврзана со појава на висок кр-вен притисок. Избегнувајте транс масти, кои често ги има во индустриските производи.

Природен лек за срце стар 800 години: Помага при неправилности кај срцето и ангина пекторис

Креатор на овој познат рецепт е монахиња која живеела пред 800 години. Подоцна, нејзиниот рецепт за проблеми со срцето го презеле познати лекари и бил опишан како најефикасен лек за лекување на срцето.

Калуѓерката советува дека секое домаќинство треба да го има овој рецепт со кој се постигнуваат необични успеси. Овој рецепт сега го пренесува познатата билкарка Марија Требен, автор на книгата „Здравје од божјата аптека“.

Се покажа дека овој природен лек за срце е успешен за лекување на срцева слабост. Се користи кога чувствувате какви било срцеви проблеми како што се прободување, треперење, прескокнување, поради стрес. Исто така, се покажа дека е одличен за ангина пекторис.

Потребни состојки: 10 свежи стебленца од магдонос (без корени), 1 литар домашно црвено вино, две лажици вински оцет и 300 г природен мед.

Подготовка: Ставете десет свежи стебленца од магдонос заедно со лисјата во еден литар чисто природно вино и додајте 1-2 лажици чист вински оцет.

Гответе уште 10 – 15 минути по зовривање на тивок оган. Ако смесата почне да пени, отстранете ја со лажица. Тргнете го тенџерето од рингла и оставете да се излади во целост. Потоа додајте 300 г мед (се препорачува багремов).

Измешајте го медот во виното и оставете да отстои 15 минути пред да складирате во шише. Процедете го виното и складирајте го во стерилизирани шишиња. Добро затворете. Талогот што се формира не е штетен и може да се консумира слободно.

Употреба: Пијалакот се консумира секој ден, по лажица додека да престане болката. За посериозни болести, потребно е да се користи подолг временски период. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска