Највоздушестите ПОСНИ палачинки: без јајца и млеко, а сочни и вкусни, ќе ги смачкате за час

I РЕЦЕПТ: Омилениот десерт за сите генерации. Доколку и вие ги сакате палачинките, еве еден одличен рецепт за омилениот десерт не само на децата, туку и на возрасните.

Потребни состојки: 1 литар топла вода, 500 г брашно, 1 лажичка прашок за пециво, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажица шеќер, малку сол, 6 лажици масло

Постапка: измешајте го брашното со прашокот за пециво, сода бикарбона, шеќерот и солта. Промешајте па додајте масло, а потоа постепено додавајте ја водата со непрекинато матење за да не се создадат грутки.

Оставете ја смесата малку да отстои. Потоа пржете ги палачинките вообичаено во загреана нелеплива тава.

СОВЕТИ ОД ИСКУСНИТЕ ДОМАЌИНКИ КАКО ДА СЕ ИСПЕЧАТ НАЈДОБРИТЕ ПАЛАЧИНКИ

Не постои личност која не сака палачинки. Солени, слатки, подебели или потенки, секој ги подготвува и ги филува по свој вкус, но постои нешто што многу нервира кај нивната подготовка, особено кога станува збор за печењето и кога тие ќе започнат да се лепат за тавата.

Искусните домаќинки знаат неколку трикови, па така, во тестото додаваат и малку масло, ито така, и неколку капки во тавата пред печењето. Но, честопати се случува и покрај тоа, тие повторно да се лепат. Клучот е во мерката.

Еве што треба да направите. Искусните домаќинки ги споделија своите тајни на форумот за размена на рецепти во кулинарски совети. Ако печете во тефлонска тава, сепак ставете неколку капки масло на почетокот, а потоа додавате масло по секои 3-4 печени палачинки.

Доколку печете во обична тава, во тестото додајте врело масло, па кога палачинката ќе се испече од едната страна, одделете ја од страните со н-ож и превртете ја, па испечете ја и од другата страна.

И, за да бидат меки, но не и „гумени“, во тестото додајте млако млеко и изматете малку подебело тесто. На крај, додајте чаша топла вода за да бидат воздушести и задолжително изматете го тестото со миксер.

II РЕЦЕПТ Посни палачинки – тенки, меки и секогаш успеваат – Намачкај, свиткај, изеди и уживај

Палачинки без млеко и јајца, посен рецепт. Вкусни и меки, кога ќе се филуваат со мармалад и наросат со мелени ореви, нема ништо поубаво.

Со какао и шеќер мора да пробате, но мора да го наросите додека палачинките се врели за да може да се растопи и соедини. Може да ги наросувате и со цимет, кокос… а може да ги правите и солени.

Потребни состојки: 500 мл вода + уште малку за да се разреди додека да се добие густина на јогурт, 350 г меко брашно, 1 лажичка шеќер, ½ лажичка сол, 2 кесички ванилин шеќер (20 г) или арома, малку рендана кора од лимон (не мора), 3 лажици масло за тестото + неколку капки за тавата за печење, 1 лажичка прашок за печиво.

Постапка: во подлабок сад измешајте ја водата, шеќерот, солта, ванилата, маслото и ренданата кора од лимон. Промешајте за да се растворат и соединат состојките.

Потоа додајте го брашното во кое сте додале и прашок за печиво. Добро изматете со жица или со миксер за да добиете мазна смеса без грутчиња.

Проценете ја густината па по потреба додадете уште малку вода додека да добиете конзистенција на јогурт. Секогаш правете прво погуста смеса без грутчиња од брашното, а дури потоа разредувајте ја (така е полесно).

Палачинките печете ги на вообичаен начин во добро загреана тава, а додека се печат намалувајте го огнот, односно прилагодувајте ја температурата постојано, за да не изгорат предвреме.

Печете ги од двете страни, потоа мачкајте ги со вашиот омилен џем, крем или што и да сакате, свиткајте ги и ужувајте во вкусот.

III РЕЦЕПТ: Посни палачинки: рецепт како се приготвуваат меки и вкусни посни палачинки со газирана вода

Потребни состојки: 300 г брашно, 500 мл газирана вода, 100 мл масло, 1 прашок за печиво, 1 прстофат сол и малку сода бикрабона околу половина лажичка

Постапка: една по една намирница ги ставаме во сад за матење. Матете со миксер додека смесата да се изедначи и да нема грутчиња со конзистенција на јогурт. Смесата оставете ја 10-тина минути да одмори или додека се загрее ринглата.

На загреано тавче намастено со малку масло ставете кутлача од смесата и убаво распоредете. Печете на умерен оган, па кога ќе забележите дека краевите се одвојуваат, превртете ја палачинката и од другата страна, па печете уште минута-две и извадете.

Постапката повторувајте ја додека да се потроши целата смеса. Палачинките филувајте ги со мед и ореви, џем или нешто по свој вкус.

Loading...
Претходна статијаПрироден лек за срце стар 800 години: Помага при неправилности кај срцето и ангина пекторис
Следна статијаОтец Тадеј: Чај вреден како злато, со овој напиток ја излечив реумата и проширените вени