И најсилната кашлица престанува за само една ноќ. Ова се неколку рецепти од традиционалната медицина кои ги користеле нашите баби, а кои се најефикасни во борбата против кашлицата и болката во белите дробови.

Овие облоги ќе ја ублажат болката и ќе ве ослободат од наталожениот секрет во белите дробови и тоа за многу краток период.

ОБЛОГА ОД МЕД

Медот е одличен сојузник на доброто здравје, па не е ни чудо што го има во речиси сите можни природни препарати. Не само што го јакне имунитетот, туку е одличен и како лек против кашлица и тоа токму во вид на облога.

Потребни состојки:

2 чисти гази
фластери
брашно
½ лажица маслиново масло
1 лажица мед

Постапка:

Измешајте брашно и мед додека да добиете текстура без грутчиња, па потоа додадете и масло. На крај уште еднаш извалкајте го тестото во брашно.

Добиената смеса ставете ја на газа, а потоа на предниот дел од градниот кош, над срцето, а исто така ставете уште една облога на грбот, на иста висина. Возрасните можат да ја држат облогата преку ноќ, додека за деца се препорачува во времетраење од три часа.

Може да очекувате потење, бидејќи медот има ефект на загревање. Кај упорна кашлица повторете го третманот 2 -3 пати.

ОБЛОГА ОД ЗЕЛКА

Потребни се 1-2 листови од свежа зелка, мед и вода. Сварете ја водата и потопете ги листовите во врелата вода, најдолго 2 минути. Извадете го листот, премачкјате го со мед и ставете го на градите.

Ако кашлицата е умерена, доволен е еден лист, а ако е силна, тогаш ќе бидат потребни два. Едниот се става на гради, а вториот се става на грб. Се нанесува пред спиење. Облечете тесна маица за да стојат листовите прицврстени преку цела ноќ.

Следниот ден од зелката и медот нема да остане речиси ништо, ќе се апсорбира преку кожата во организмот со најмоќното лековити дејство. Би требало да поминат и болките во градите доколку ги имало.

ОБЛОГА ОД КРОМИД

Овој третман одамна се користи кај воспаление на бели дробови и бронхитис. Потребни ви се 2-3 главици ситно исечкан кромид, половина шолја пченкарно брашно и јаболкова киселина.

Сварете го ситно исечканиот кромид со минимално водичка колку да омекне, а потоа помешајте го со пченкарното брашно и додадете јаболкова киселина колку за да се формира густа смеса.

Топлата смеса нанесете ја врз памучна крпа и нанесете ја така топла на градниот кош. Оставете да делува 20 минути, а потоа исперете. Овој третман може да се повторува 2-3 пати во текот на еден ден и може да се применува и кај деца.

ОБЛОГА ОД СВИНСКА МАСТ

Свинската маст е многу ценета во народните лекови, а облогата од маст за кашлица во комбинација со ракија е варијанта која веќе со години се користи. Всушност, маста овде има улога да направи заштитен слој на кожата додека за делотворноста на лекот можеме да и благодариме на ракијата.

Примена: премачкјате ги градите со свинска маст, облечете тесна маичка, а преку маицата ставете облога од ракија (памучна крпа натопена во комова ракија).

Преку ова завиткајте се добро со некој пешкир или завој кој ќе ја фиксира облогата преку цела ноќ.

ОБЛОГА ОД ГУСКИНА МАСТ

Ако сте во можност да набавите гускина маст, тогаш најдобро е од неа да направите лек за кашлица. Сè што е потребно е да се премачкате со гускина маст во пределот на градите и после тоа да се завитката во пешкир или завој. Оваа облога го олеснува искашлувањето. Оставете да делува еден час и може да се користи двапати дневно.