Болките во зглобови може да бидат многу непријатни и болни при обавувањето на домашните обврски. Кај некои луѓе, оваа болка се јавува после долг, напорен ден и поминува после одморање. Но овој тип на болка може да има хроничен карактер, поврзан со болестите на зглобови, на пример, со артритисот. Ако имате болки во зглобови, сигурно ви е познато дека стандардните лекови овозможуваат само моментно олеснување.

Најдобар начин за намалување на болките и симптомите од артритисот, е промена на начинот на живеење, вклучително и на исхраната. Исто така, можете да побарате помош и од народната медицина, а едно од природните средства кои докажано помагаат е јаболковата киселина. Начини за користење на јаболковата киселина кај болки во зглобовите:

БАЊА. Измешајте 1 чаша јаболкова киселина со 6 чаши вода и во оваа течност натопете ги рацете или нозете. Ако имате болки во областа на вратот или на некој друг дел од телото, ставете облога на болното место.

ТРИЕЊЕ. Измешајте 2 супени лажици јаболкова киселина со 1 супена лажица маслиново масло, добро промешајте и втријте ја оваа смеса во болните зглобови. Редовните масажи помагаат и ефикасно ги елиминираат тегобите.

ИСЦЕЛИТЕЛЕН НАПИТОК. Растворете 3 супени лажици јаболкова киселина во 300 мл вода или било кој друг овошен сок. Консумирајте го овој напиток трипати дневно, пред оброк. Јаболковата киселина е одлично и докажано о-ру-жје во бор-бата против болките во зглобови, а помеѓу останатото е силен антиоксидант, кој помага во чистење на организмот од токсини.

ПРИКАЗНАТА НА ЛИНДА КАКО ЗА ДВЕ СЕДМИЦИ ГО ИЗЛЕКУВАЛА АРТРИТИСОТ

Две седмици пиела јаболкова киселина и го излекувала артритисот, сега нема никакви болки. Линда Фаулкнер е 50 годишна Британка на која во 2006 година и дијагностицирале артритис. Болката прво и се јавила во дланките од рацете која постепено мигрирала кој вратот и грбот. Нејзината состојба од ден на ден се влошувала, а болката станувала неподнослива, пренесува Дејли мејл.

За да ги ублажи тегобите со болните зглобови, испробала безброј третмани, сè што ќе слушнела. Па така, испробала речиси сè, од додатоци за јакнење на зглобовите како кондроитин, глукозамин и колаген, па се до опас-ните стероиди и лекови против болки. Ниеден третман ниту лек не и помогнале долгорочно.

После краткотрајното олеснување, болките во злобовите повторно се враќале. Еден ден дознала за приказната на Сара Гал која успеала да го излекува артритисот користејќи напиток од јаболкова киселина и мед. Одлучила и самата тоа да го испроба и конечно си го нашла спасот за своите проблеми.

ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА ЗА ЗДРАВЈЕ НА ЗГЛОБОВИТЕ. Веќе со векови се знае дека јаболковиот оцет има бројни позитивни дејства врз целокупното здравје. Помеѓу другото, се покажало и како одлично средство кое го чува здравјето на зглобовите и коските.

Напитокот од јаболкова киселина и мед е одлична комбинација која го лекува артритисот. Двете намирници ја зголемуваат мобилноста на телото, ги штитат зглобовите и коските од повреди, а исто така, спречуваат воспаленија.

МЕШАВИНА ЗА ЛЕКУВАЊЕ АРТРИТИС. Потребни состојки: 1 супена лажица јаболкова киселина, 1 супена лажица мед, 1 шолја топла вода. Постапка: Во шолја топла вода помешајте ги сите состојки. Се пие двапати дневно. Линда оваа мешавина ја пиела секој ден, наутро и навечер. Веќе после две седмици започнала да чувствува подобрување. Тоа било првпат од 2006 година да биде ослободена од болки и да може да живее нормално.

КАКО ДЕЈСТВУВА?

Болките во зглобовите може да се јават како последица од недостиг на минерали, па затоа кај артитисот помага диета базирана на намирници богати со нутриенти. Јаболковата киселина содржи доста од овие нутриенти, како што се магнезиум, калциум, калиум и фосфор.

Бидејќи содржи магнезиум кој поттикнува апсорпција на калциум во организмот, исто така ги јакне и коските. Калиумот помага против калцификации, па со негов внес се намалува чувството на закоченост во зглобовите.

Го спречува штетното дејство на слободните радикали: антиоксидансите и ацетатната киселина го блокираат дејството на слободните радикали. Помага во подобрување на дигестијата и детоксикацијата на организмот, испирањето на токсините.

СОК ЗА БОЛНИ ЗГЛОБОВИ – Во еден филџан сок од вишни додадете една лажичка јаболкова киселина. Пијте редовно секој ден.

МАСЛО ЗА МАСАЖА – Кокосовото масло и јаболковата киселина заедно имаат одлично дејство: измешајте 2 супени лажици јаболкова киселина и 1 супена лажица кокосово масло, па оваа мешавина втријте ја во болните зглобови.

ЧАЈ ОД НАНЕ И ЦИМЕТ – Во шолја чај од нане додадете 1 супена лажица јаболкова киселина, 1 лажичка мед и 1 лажичка цимет. Пијте еднаш дневно за да ги ублажите симптомите од артритисот. Овој напиток има и антибактериско дејство.

ДРУГИ ДЕЈСТВА: ја балансира рН вредоста; намалува ниво на шеќер во кр-вта; ублажува настинки; ублажува желудечен рефлукс; намалува алергии; го подобрува здравјето на косата; помага за здраво слабеење. Напомена: Сите што имаат било какви дигестивни проблеми, пред консумација на јаболковата киселина да се консултираат со својот лекар.