Убедливо најдобриот рецепт за сочни и крцкави тулумби кои се топат во уста

Тулумби – однадвор крцкави, одвнатре меки и сочни, се топат во уста, детален рецепт со сите тајни постапки. Најомилената слатка кај нас, покрај баклавите и другите шербетни колачи, секако се тулумбите. Подготвивме три рецепти од нашата архива со детално објаснување за нивното приготвување.

На Балканот тулумбите се традиционални слатки кои редовно се јадат, а водат потекло од Египет. Еден од најстарите колачи кои денес сè уште се приготвуваат. За да направите совршени тулумби, мора да знаете колку маслото за пржење треба да биде загреано, сирупот/шербетот треба да биде добро изладен, маслото помеѓу две пржења треба да се излади за да не подгоруваат тулумбите.

Кога се спуштаат тулумбите во ладно масло, тогаш излегуваат најубави. Исто така, густината на тулумбите е многу важна, а и смесата која се вари на шпорет треба добро да биде сварена. Во видеото под пишаниот рецепт ви се откриени сите слаткарски трикови за правење на совршени тулумби.

ПРВ РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 500 мл вода, 500 г меко брашно, 100 мл масло и 7 јајца. За шербет: 800 мл вода, 1 кг шеќер и ½ лимон (може и не мора).

Постапка: Најпрво се приготвува сирупот за да има време убаво да излади. Ставете вода и шеќер на оган, па откако ќе проврие варете 5 минути за да се добие убав леплив сируп. Тргнете од оган, додајте го лимонот (ако сакате), па оставете на страна да се лади. Кога ќе постигне собна температура ставете го во фрижидер, потребно е да биде дообро изладен.

Подготвување на тестото: Маслото и водата измешајте ги и ставете на оган да зоврие. Потоа намалете го огнот и додајте го брашното, па со мешање сварете го тестото додека да згусне и да се соединат состојките. Ќе добиете фина топка, потврдо тесто.

потребни состојки за тесто
потребни состојки за шербет

Оставете го на страна да се олади, па кога ќе биде млако, додавајте едно по едно јајце, вкупно 7 крупни. (Бројот на јајцата може да варира во зависност од нивната големина, некогаш 6 можеби, а некогаш 8).

Ставете вода и шеќер на оган, па откако ќе проврие варете 5 минути за да се добие убав леплив сируп
Подготвување на тестото: Маслото и водата измешајте ги и ставете на оган да зоврие. Потоа намалете го огнот и додајте го брашното, па со мешање сварете го тестото додека да згусне
оставете го тестото да се олади
додавајте едно по едно јајце, вкупно 7 крупни по големина
откако едното јајце ќе се инкорпорира во тестото, додајте го следното
ако се поситни јајцата, употребете вкупно 8

Најдобро е да видите во видеото каква густина треба да се добие. Во широк сад ставете 1 литар масло и загрејте го да биде млак. Наполнете го шприцот за тулумби со смесата за тулумби, ставете ѕвездест продолжеток со широки краци и истискувајте во млакото масло.

Наполнете го шприцот за тулумби со смесата за тулумби, ставете ѕвездест продолжеток со широки краци и истискувајте во млакото масло.
Сечете ги тулумбите со прст или со ножици.
Пржените тулумби кога ќе добијат златножолта боја вадете ги во претходно приготвениот и изладен сируп

Сечете ги тулумбите со прст или со ножици. Ако сакате поизразени ребра, тогаш користете ѕвездест продолжеток со потесни краци. Пржените тулумби кога ќе добијат златножолта боја вадете ги во претходно приготвениот и изладен сируп. Маслото за пржење тргнете го на страна и оставете го да се лади 10-15 минути.

уживајте во нивниот вкус

(За да нема прекини во пржењето најдобро е да имате два сада со масло за пржење), а тулумбите држете ги во сирупот 2-3 минути, па вадете ги. Тулумбите мора однадвор да бидат крцкави, а внатре меки и сочни. Деталите од постапката за приготвување погледнете ги во видеото ОВДЕ.

ВТОР РЕЦЕПТ – Како да направите крцкави а сочни тулумби. Погледнете како брзо и лесно се приготвуваат тулумби исти како од слаткарница според рецептот на “Пекар Пекарица”. Овој колач е пржено-варено тесто натопено во шеќерен сируп. Најпознатиот балкански колач кој сите го сакаат.

шербет

Потребни состојки: 500 мл вода, 50 г путер или маргарин, 5 г сол, 350 г брашно, 20 г скроб/густин, 30 г гриз, 5-6 јајца. За шербет: 1 кг шеќер, 700 мл вода, 20 мл лимонов сок. За пржење: 1 литар масло.

на оган ставете половина литар вода, 50 г путер и една лажичка сол.

Постапка: Најпрво пригответе го шербетот: во еден сад на оган измешајте го шеќерот и водата, па додајте две лажици лимонов сок. Откако ќе зоврие варете уште пет минути, па тргнете на страна и оставете да излади. Во друг сад на оган ставете половина литар вода, 50 г путер и една лажичка сол.

Кога ќе зоврие додајте 350 г брашно и мешајте додека да се свари тестото, односно да се формира во топка

Кога ќе зоврие додајте 350 г брашно и мешајте додека да се свари тестото, односно да се формира во топка. Тргнете го на страна и оставете го целосно да излади. Повремено промешувајте го за побрзо да излади. Изладеното тесто замесете го со рака и додајте му 30 г гриз и 10 г скроб, па постепено додавајте едно по едно јајце.

Изладеното тесто замесете го со рака и додајте му 30 г гриз и 10 г скроб, па постепено додавајте едно по едно јајце

Матете со миксер или месете со рака, додека да ги потрошите сите јајца. Тестото е готово кога ќе стане сјајно, па според тоа ќе оцените дали се доволни 5 или 6 јајца. Смесата префрлете ја во шприц за тулумби со продолжеток од 12 мм.

Смесата префрлете ја во шприц за тулумби со продолжеток од 12 мм

Во големо теџере-тепсија ставете масло па во него исечете ги тулумбите. Оставете простор помеѓу нив затоа што при пржењето тие ќе нараснат. Пржете ги на умерена температура додека убаво да заруменат од сите страни. Со решеткаста лажица вадете ги и ставајте ги во шербетот.

Во големо теџере-тепсија ставете масло па во него исечете ги тулумбите. Оставете простор помеѓу нив затоа што при пржењето тие ќе нараснат
Пржете ги на умерена температура додека убаво да заруменат од сите страни
Со решеткаста лажица вадете ги и ставајте ги во шербетот.

Потоа оставете маслото да излади, па повторете ја постапката. Во меѓувреме испржените тулумби промешаје ги бо шербетот убаво да се натопат, па извадете ги во посебен сад. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот

ТРЕТ РЕЦЕПТ – Тулумби на струмички начин – eм лeсно, ем струмичко! Вкусни, однадвор крцкави, одвнатре меки и шупливи.

Потребни состојки: 500 г вода, 400 г остро брашно, 200 мл + 1 литар масло за јадење, 6 јајца, 1 ванилин шеќер, ½ прашок за печење и малку сол. За шербет: 1 литар вода, 1 кг шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 лимон исечкан на тркалца (по вкус, може и едно тркалце).

Постапка: Ставете ги водата, 200 мл масло за јадење, еден ванилин шеќер и малку сол во тенџере на оган да зовријат. Откако ќе зоврие, се трга тенџерето од огнот и веднаш се додава брашното во кое претходно имавме ставено половина кесичка прашок за печење.

Тоа се мати со маталки за тесто и се остава смесата да отстои додека да излади. Откако тестото целосно ќе се излади, повторно го матиме и ги додаваме јајцата едно по едно (кога претходното јајце ќе се впие во тестото, го додаваме следното). Матиме додека смесата не се изедачи.

Потоа го подготвуваме шербетот. Зовриваме еден литар вода и еден кг шеќер, го оставаме да врие 2 минути, го тргаме од огнот и потоа ја додаваме кесичката ванилин шеќер и парчето лимон. Во тенџере на оган ставаме да се загрее еден литар масло за јадење.

Го полниме калапот (шприц) за тулумби со приготвената смеса, и ги истиснуваме во маслото за јадење да се пржат на тивок оган. Пржените тулумби веднаш ги ставаме во шербетот, ги потопуваме, а потоа ги ставаме во поголема чинија. Постапката ја повторуваме со сите тулумби.

Исто така може и најпрво да се испржат тулумбите и потоа да се потопуваат една по една во врелиот шербет. Крајниот резултат е околу 60 парчиња вкусни тулумби. Прсти да излижеш, Добар апетит ви посакуваме. Уживајте во сочните колачи. Извор на рецептот: strumicasity

струмички тулумби
Loading...